3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Франкенштајн“, „Едвард Втори“ и „Демонот од Дебар Маало“ на МТФ „Војдан Чернодрински“

12 јуни, Прилеп: Три претстави во официјалната програма ќе бидат на програмата на шестиот ден на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Први во 17 часот на сценaта на театарот во Прилеп ќе гостува Театарот за деца и младинци од Скопје со младинската „Франкенштајн“, по мотиви од истоимениот роман „Франкенштајн“ од Мери Шели. Режијата е на Кокан Младеновиќ.  
Улогите ги толкуваат: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Maтеа Јанковска Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска.

Во 19.30 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде изведена „Едвард Втори“ во продукција на „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес. Претставата е во копродукција со Драмски театар „Масалитинов“, Пловдив. Претставата во режија на Андриј Жолдак, е по текст на Сашо Димоски според А. Жолдак и К. Марлоу. Улогите ги толкуваат: Борис Крстев, Илин Јовановски, Јована Миладинова, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Бранко Михајлоски, Кире Ацевски, Тодор Стојковски, Сандра Танчева – Марго, Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски и Тодор Стојковски.
Театарот „Ацо Шопов“ од Штип ќе гостува на фестивалот вечерва во 22 часот на сцената на Прилепскиот театар, со претставата „Демонот од Дебар Маало“, според текст на Горан Стефановски, а во режија на Наташа Поплавска. Улогите ги толкуваат: Пеце Ристевски, Марија Минчева-Андонов, Ефтим Траjчов, Валентина Ѓоргиевска, Владимир Тулиев, Миле Вратеовски, Анѓелка Нашкова, Елена Шорова-Дербов, Раде Рогожарев, Стефанија Митовска и Даријан Петров.
И денес продолжуваат разговорите на тркалезната маса за претставите што синоќа беа изведени во Прилеп. Со бурни аплаузи и овации беа наградени актерските екипи на „Ало! Ало“ на Театар Комедија и на „Дупло дно“ на Народниот театар од Прилеп, кој има голема поддршка од прилепската публика.

Во 11 часот беше промовирана книгата „За комичното и хуморот“ на Иван Џепароски, во издание на Театар Комедија. За книгата  говореше Дарко Спасов, директор на театарот и Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот „Војдан Чернодрински“.

Монографијата „Театар Куманово 75 години (1948-2013)“ беше промовирана вчера, а за неа зборуваа авторите – тројца драматурзи и актерката Кети Дончевска-Илиќ.
Нaјавувајќи го ова дело – историја за кумановскиот театар насловено „Театар Куманово 75 години (1948-2023), режисерот Милош Б. Андоновски потенцираше дека ова е прва од ваков вид монографија за театарот. Имало само печатено издание за периодот 1961-1971 година.

Би можело да ве интересира

Состојбата со коронавирусот во Прилеп, сабота 18-ти јули

Елизабета Филипоска

На 24 ти мај „СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД“

Центарот на Прилеп се прилагодува за Пиво-Фест 2022

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе