2.8 C
Прилеп
среда, 1 јануари, 2025
Пела Радио

Од четврток до недела екстремно топло во Македонија

Од утре, среда до недела, дневните температури насекаде ќе бидат над 30 тиот степен, а наместа ќе достигнува и над 40 тиот  степен. Поради натамошен пораст на температурите, од четврток, насекаде ќе биде активно портокалово ниво, информираат од ЦУК- Прилеп.

Од четврток до недела, метеролозите  најавуваат, екстремно топло во Македонија, со температури до 40/ 41 степен и екстремно висок Ув индекс 9.

„За време на топлотниот бран, кој доаѓа од Сахара над нашата територија и понатаму ќе биде присутна прашина и песок, па така и атмосферата нема да биде во целост чиста, а времето ќе биде многу мачно и спарно. Токму поради , ова температурите ќе се чувствуваат како да се многу повисоки од реално измерените.“  велат од „Метеоаларм“

Во пресрет на екстремно топлиот бран од Африка, апелиот е без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот, од 11 до 17 часот,  и да се пие повеќе течности.

Би можело да ве интересира

Утрово најстудно во Крушево -5 и -2 во Прилеп

Пела Редакција

Што содржи согласноста меѓу откупувачите и тутунарите?

Гордана Цветаноска

Црвен тепих на хуманоста, наместо Бадникови поворки

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе