0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Сашо Башески еден од победниците на регионалното шоуто „Никогаш не е доцна“

Кревкиот и милозвучен глас на Сашо Башески и неговите беспрекорни изведби на македонските народни и изворни песни, босански севдалинки и српски народни песни беа пресудни да биде еден од победниците во синоќешното финале на регионалното шоу „Никогаш не е доцна“. Сашо во категоријата гласање со СМС успеа да освои 6.087 гласови од целиот регион, со кои несомнено потврди дека ја доби довербата на публиката од екс југословенските простори.

Сашо емотивно и’се заблагодари на публиката за дадената поддршка:

„Сакам да им се заблагодарам на сите, на продукцијата, на овие мои колеги во шоуто кои пред се’ се добри луѓе. Ова нема никогаш да го заборавам“, рече тој.

Наградата му ја врачи македонската поп дива Калиопи.

„Не’ направи многу горди. Многу сум среќна. Ти благодарам што не’ потсети на едно убаво време кога се пееше не само со грло, туку и со емоции“, рече Калиопи.

Инаку, тој заедно со својот брат Дејан настапува под името „Дуо Башески“ повеќе од 3 децении. Неговиот талент и специфичен мек и мелозвучен глас се познати во регионов, а со настапите на регионалното шоу тој прв пат годинава добил покана и настапи на „Фолк Фест Валандово“, со што како што кажа во една прилика дека му се остварила професионалната желба за учество на овој реномиран фестивал. Со победата на регионалното шоу на Сашо Башески му се оствари уште еден сон, а секако и многу професионални можности во иднина на планот на музичката продукција.

 

 

Би можело да ве интересира

Бесплатен оброк за сите првачиња во општина Прилеп во новата учебна година

Гордана Цветаноска

Партерно се уредува спортската сала во Крушево

Елизабета Филипоска

Тамара го откажа настапот на Пивофест

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе