Од денеска за најголем дел од потрошувачите, сметките за електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи ќе бидат повисоки за 0.4%.
Повисоката цена не ги опфаќа домаќинствата од првиот блок, со минимална потрошувачка. Но, за 0,65 насто се зголемува и цената на евтината тарифа. Во вториотблок цената се зголемува за 0,85 проценти, во третиот за 1,92 и во четвртиот блок за 1,88 насто.
Струјата што ќе се користи од 13 до 15 часот, односно евтината тарифа, од денес е поскапа за 0,65 проценти.
во посочи дека цената на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во вториот блок има зголемување од 0.85%, во третиот блок од 1.92% проценти и во четвртиот блок од 1.88%, додека евтината струја ќе поскапи за 0.65%.
Марко Бислимоски Претседателот на РКЕ додаде дека со ова, за 88% од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка во прв и втор блок, трошокот за ел. енергија ќе се зголеми за 0,4 проценти. Во меѓувреме, за 8% од домаќинствата кои што имаат потрошувачка и во трет блок трошокот на месечно ниво, сметките ќе се зголемат за 0.48% и за 4% од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка и во четвртиот блок трошокот ќе се зголеми за 0.57%.
Ваквата цена на струјата ќе важи до крајот на годината.