9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО) Прилепски ученици го поставија, албански планинари го симнаа македонското знаме од Кораб

Македонското знаме го поставија ученици од географската секција „Млади ентузијасти“ од прилепското ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, при нивниот подвиг за искачување на највисокиот врв во Македонија, Кораб, во рамките на проект за запознавање на Македонија.

Но, извесен, Изет Шулку, пред два дена на социјалната мрежа Фејсбук објави видео на кое се гледа како го симнува знамето на Македонија и го менува со знамето на Албанија. Тој на својот ФБ профил покрај видеото напишал  „Кораб е албански и таму нема место за македонското знаме„, На видеото се гледа како Шулку е качен на знакот каде е одбележан највисокиот планински врв во Македонија и го вади знамето на Македонија.

На прашањето на медиумите до МВР , за инцидентот со симнувањето на македонското знаме од врвот на Кораб оттаму изјавуваат: “Преземени се мерки од Одделот за компјутерски криминал и утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на Македонија. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот“

Би можело да ве интересира

Прилеп го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 ти декември

Гордана Цветаноска

Од утре и за велигденските празници дождливо време

Елизабета Филипоска

Ја уценувал поранешната партнерка, изнудил над 500 000 денари

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе