-2.2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

За пожарите и нивно спречување заседаваше општинскиот кризен штаб во Прилеп

По појавата на големиот пожар кај месноста викана Заград воноќните часови,по денешниот пожар, кои се случи во раните утрински часови во старата прилепска чаршија. каде беше опожарен деловен објект,по пожарите на две куќи во нас. Рид, општинскиот кризен штаб заседаваше денеска, со сите свои структури.

„На средбата беа потенцирани насоките и координациите за брзо, ефикасно и навремено спречување на пожарите на отворено и во урбаните  средини, како и важноста од синхронизирање и координирање на сите релевантни институции за спречување,  превенција и заштита од пожари на територијата на општина Прилеп. Беше констатирано дека под итно е потребно ажурирање на списокот  на обучени лица  кои во итни случаи би помогнале при гаснење на пожари на отворено , задолжително спречување на палењето на стрништа, преку легитимирање на лица кои се движат во поле или шума и воспоставување на в заемна соработка со околните општини за заедничко делување„ велат од општина Прилеп во својот допис до медиумите.

Инаку, пожарот кај месноста викана Заград се случи на 30 јули во раните утрински часови,  од опожарено патничко моторно  возило во близина на Дабница . Пожарот кој брзо се шриреше имаше интенции да биде опасност по манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ (манастирот „Траскавец“) каде активен крак  се движеше во таа  насока. Гасењето на пожарот започна во раните  утринските часови , а градоначалникот на Прилеп побарал од Центарот за управување со кризи (ЦУК) да се обезбеди и воздухопловна поддршка на пожарникарите. Бидејќи пожарот бил навремено локализирал, воздухопловната поддршка е откажата. За овој пожар интервенирале 15 пожарникари со пет возила и една цистерна од ЈП „Комуналец“ Прилеп, кои пред полноќ биле повлечени од терен.

 

Би можело да ве интересира

Силјаноска Давкова: Институтот за тутун е илјадници страници долга и недопишана приказна за тутунот

Пела Редакција

Преку интегрирано делување до намалување на дискриминацијата

Гордана Цветаноска

Приоритет за вакцинирање ќе имаат лица над 75 години

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе