0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп почнува фестивалот „Пеце Атанасовски“, промовирани Зборник и монографија „Непресушен извор за навек“

Монографијата за петдеценискиот растеж на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ не е само документ за одбележување на еден голем јубилеј на оваа национална манифестација, туку е и збогатување на научната мисла во фолклористиката со сите научни дисциплини кои ја истражуваат нашата богата традиционална култура, рече етнокореологот Горан Василески од Институтот за старословенска култура при денешното промовирање на монографијата за Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој вечер свечено ќе биде отворен. Промоцијата се одржа во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

-Со ова дело се исполнува мисијата на Фестивалот, но и на идејниот творец, универзалниот уметник Пеце Атанасовски, а тоа е возобновување и враќање на традиционалните инструменти во современата музика, рече Василески.

На 100 страници со преку 100 фотографии во монографијата насловена „непресушен извор-за навек“ се следи растежот на по многу нешта, уникатниот фестивал, расадник на изведувачи на изворниот мелос.

-Во монографијата се забележани фактите за учесниците и сите  поединци кои го развиле и кои и денес го унапредуваат овој Фестивал од национално и од интернационално значење, рече Весна Атанасовска Вучиќ, еден од промоторите на Монографијата.

На промоцијата се претставија и младите кои во Семинарот при фестивалот ги изучуваат народните инструменти и песни. Во Центарот за култура заедно со промоцијата на Монографијата „Непресушен извор- за навек, беше промовиран и петтиот зборник со научни трудови и истражувања на 13-тина еминентни фолклористи за богатата традиционална култура. Зборникот е насловен „Фолклорот во минатото и денес“

-По многу нешта е единствен овој фестивал. Расадник е на изведувањето на народните инструменти и песни од што имаат полза и други фестивалски манифестации, а најмногу зачувувањето на богатиот изворен мелос, изјави Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и уметничка директорка на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Јубилејното, 50-то издание на фестивалот почнува  велер од 19 часот на летната сцена на плоштадот Александрија во Прилеп. Почетокот ќе го означи дефилето на 50 гајдаџии од цела Македонија. Фестивалот е во две вечери. Утревечер ќе се иодрќува на Рудина Долнени.

Вечер, во чест на јубилејот ќе настапи и вокално-инструменталниот состав при националната установа „Танец“.

Утре во Спомен куќата во Долнени, Фестивалот ќе потпише меморандум за соработка со културноинформативниот центар „Небрегово“ и со манифестацијата „Зборникот на Конески“.

 

Би можело да ве интересира

Вработените од „Прилепско поле“ на протест, нема плата, а подружницата работи неликвидно

Гордана Цветаноска

Театарот „Војдан Чернодрински“ одбележува 72 години од формирањето

Елизабета Филипоска

Поевтини горива од полноќ!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе