-2.2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Колкави се шансите Универзална сала да биде повторно активирана?!

Министерот за спорт Борко Ристовски утре, петок, во работна посета на Прилеп, во која, според најавата од  Општина Прилеп ќе се разговара за состојбата со Универзална сала Прилеп и нејзино активирање. Најавена е прес конференција во 12 часот во Универзалната сала. Спортистите и спортските работници се во очекување од првиот македонски министер за спорт Ристовски да се надминат проблемите со овој спортски објект кој што беше симбол и храм на малите екипни спортови, пред се’ на ракометот во Прилеп.  Како поранешен ракометен голман и тој самиот има настапувано во овој спортски објект.

Претходно, месецов на 3 јули градоначалникот Борче Јовчески оствари средба со Ристовски на која што било разговарано за спортската инфраструктури со акцент на двете спортски сали Македонија и Универзална сала кои се нефункционални.

Дека прилепчани инсистираа за итно решавање на пробелмот и сакаат да го вратат сјајот на спортот во Прилеп, говори и тоа што, Борко Ристовски ќе биде и прв минстер од новата Влада што ќе го посети Прилеп и со кој локалната власт ќе дискутира за итно решавање на еден од горливите проблеми кои со децении го тишти градот – недостиг на професионална спортска сала за одржување на квалитетни спортски натпреавари.

На фотографијата и Министерот за спорт, Борко Ристовски како голман .

Би можело да ве интересира

500 деца на заеднички Божиќен Ручек – ќе го слават Христовото раѓање.

Елизабета Филипоска

Денеска, вторник 4 август, нема новозаболени во Прилеп од коронавирусот

Елизабета Филипоска

Доделени првите картички за „зелена нафта“ во Канатларци

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе