-2.2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Вода, пиво и ракомет

Петровден, еден од најголемите христијански празници… Ден создаден за одмор, кој тоа може да си го дозволи на летни горештини како денешната од на 35 степени целзиусови.

А кога високите температури се во прашање – Прилеп и ден денес стравува дали ќе има доволно вода. Да, ќе има вода, Студенчица е во добра кондиција според издашноста. Вода ќе има, ама дали ќе имаме пари да ја платиме?

 

Денеска стигна новото поскапување од 17,9 отсто со одлука на Регулаторната комисија за енергетија и водни услуги, вели директорот на ЈКП Водовод и Канализација Игор Гулабоски. Просечно семејство кое троши 10 м3 вода наместо како досега 600, од сега ќе плаќа 730 денари! Ова е трето покачување за последниве 5 години. Аирлија, по поскапувањето на лебот кое помина како и „до сега“ и водата ќе ја плаќаме повеќе. Како што расте цената, така растат и губитоците на вода. Во Прилеп губитокот на вода изнесува дури 58 отсто !!!

А, Прилеп навикнат Петровден да го поврзува со Пиво Фест – 24 годишниот симбол на градот, манифестација која ги побуди и останатите градови да прават слични настани, но никогаш со таква енергија и посетеност. Нејсе, требаше нешто да се менува, па го променивме датумот, организаторот, само локацијата е иста во центарот на градот, кај големата фонтана, на плоштадот Александрија…

 

Таму, на истото место, со сцена од најдобрите денови на Пиво Фест, ден по Петровден, Прилепска Пиварница слави еден век постоење. Роденденски, со големи ѕвезди од регионот Марија Шерифовиќ, Тропико Бенд и ДНК, со промотивни цени на пивото во угостителските објекти од 50 денари. Аирлија, честитки за Прилепска Пиварница да се множат јубилеите и успесите!!!

Некако со водата и пивото во Прилеп денеска се помеша и ракометот, онака спортски – голмански во стилот на „поранешниот министер за одбрана“, а денес министер за спорт, Борко Ристовски, поранешниот ракометен голман. Легендарниот спортски новинар Миле Талески го дочека министерот со подарок монографијата „Ракометот во Прилеп“. Познавајќи го по душа и срце 85 годишниот симбол на македонското спортско новинарство, чичко Миле, тој сака да поттикне, да ја забрза работата, да се реши проблемот со Универзална и да се вратат спортистите и публиката во ова упориште на прилепскиот ракомет.

На паркетот прашина како снег да се разгазува. Салата убава, прекрасна, чека спортисти, чека публика, чека навивачи, успеси…

Посетата на првиот министер за спорт Ристовски на Универзална сала и Македонија, ги подгреа надежите дека Прилеп после 8 (ОСУМ) ГОДИНИ ќе доживее да користи барем една од двата спортски храма кои се темелот на развојот на спортот во градот. Рекоа проблемот со Универзална бил повеќе политички, од колку што навистина не можел да се надмине со статиката на објектот.

Министерот најави: до почетокот на сезоната за новото првенство Универзална ќе биде ставена во функција. Еве аирлија нека е муабетот, ама нека се оствари!!!

„Вода“, „Пиво“ и „Ракомет“ поими својствени за Прилеп. Интересна комбинација, во која сепак се покажа дека ВОДАТА Е НАЈСКАПА ЗАШТО ЗА ПОСЛЕДНИВЕ 5 ГОДИНИ ПОСКАПЕ ЗА БЛИЗУ 100% !!!

И сега што правиме??? 

Би можело да ве интересира

Прилепските градинки „Гоце Делчев“ и „Аличаир“ се подновуваат

Гордана Цветаноска

Крушево – град на културата за 2023 година

„Градиме мостови на пријателство“- 40 деца од три пелагониски општини отпатуваа во Романија

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе