19.1 C
Прилеп
четврток, 8 мај, 2025
Пела Радио

Општина Прилеп: заостанатите даночни обврски граѓаните и фирмите да ги подмират до 15 ти август 2024

Одделението за администрирање на приходи при Локална самоуправа на Општина Прилеп известува:

Им се соопштува на сите физички и правни лица кои се даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, кои што имаат заостанат долг од минати години, задолжително да ги подмират своите даночни обврски заклучно со 15 август 2024 година.
Во спротивно Одделението за администрирање со приходи ќе биде принудено да пристапи кон постапка за принудна наплата согласно Законот за данок на имот.
За да се избегнат непотребни трошоци ги замолуваме граѓаните и правните лица да ја подмират својата законска обврска по основ на данок на имот и комунална такса во предвидениот временски рок.

ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НА ОПШТИНА ПРИЛЕП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АДМИНИСТРИРАЊЕ НА ПРИХОДИ

Би можело да ве интересира

Бидете внимателни – боево гаѓање на Леково овие три дена:

Гордана Цветаноска

„Од колено на колено“ вечерва во „Марко Цепенков“

Пела Редакција

Нов дебакл или триумф за престој на мундијалот?!

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе