7.3 C
Прилеп
четврток, 30 јануари, 2025
Пела Радио

Против пожарите не помага ни времето – И, денеска температура до 43 степени и активен портокалов аларм

Општина Битола информира дека пожарот над Битола е целосно ставен под контрола со сеопфатна и континуирана ангажираност на екипите на ТППЕ, поддршка од јавните претпријатија и дополнителна помош од Центарот за управување со кризи

Но, денеска,повторно сончево и многу топло, попладне се очекува  мала до умерена локална облачност. Температурите и денска се над 40 степен, а портокаловиот аларм остнува до крајот на оваа седмица.

Максималната температура во Прилеп, 41 степен.

Според прогнозата на метеоролозите, во наредните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени, поради што до крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

А поради високите температури препораки и до граѓаните од Институтот за јавно здравје.

Велат во овие екстремно топли денови со себе да носат шише вода, да имаат лесна, светла и комотна облека, да се тушираат со посвежа или млака вода, да се носи капа, шешир или чадор за заштита, доволно да се спие, да се јаде овошје и салати, да се избегнуваат алкохол, кафе, чај, како и топла, зачинета и солена храна што може да доведе до дехидратација.

Надлежните советуваат активностите на отворено да се спроведуваат пред 11 и по 17 часот.

Би можело да ве интересира

Нема резервни делови за механизација, нема плата, а прашање на денови е до ќе има струја ?!

Гордана Цветаноска

Градска библиотека издаде библиографија за Коле Чашуле

Елизабета Филипоска

Се чисти околу разрушениот мотел кај Вештачкото Езеро

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе