12.1 C
Прилеп
среда, 7 мај, 2025
Пела Радио

Дожд проследен со град брзо и моќно го уништи трудот на тутунарите

Краткотрајниот дожд донесе освежување, но остави трага  врз земјоделието. Дождот проследен со град и силен ветар, за час го уништи трудот на дел од тутунарите.

Невремето направи пустош на тутунските посеви во варошко, информираа наши читатели и слушатели. Тутунарите велат дека утрото имале прекрасен тутун на нивата,  а попладнето веќе наишле на страотна слика од нивниот род.

Силно невреме попладнево, со силни електрични празнења, зафати поголеми делови од Македонија. Во Скопје, невремето предизвика и прекин на електричната енергија кои погоди 33.000 домаќинства. Оштетувањата на клучните далноводи  (паднат далновод, бандери..) предизвикаа постојани прекини, при што ЕВН и Мепсо работат на поправките.

Инаку, невремето почна  некаде по 16 часот. Штетите на земјоделците допрва ќе се проценуваат!

 

 

Би можело да ве интересира

Нашинците во Малта во хуманитарна акција – средства за транспорт на починат Македонец

Гордана Цветаноска

Прилепчани уапсени со три килограми марихуана и автоматска пушка

Пела Редакција

(ВИДЕО) Совети од Фиталија: Како да се произведе органски мед?

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе