-0.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Земјоделска аптека Фиталија-напредни агро технологии за прилагодување на климатските промени

Земјоделците и ова лето се борат со два непријатела – високи температури на воздухот и град. Во топлотен бран со мал прекин Македонија е веќе два месеци. Јуни беше со натпросечни температури за тој период, така што летото оваа година пристигна месец дена порано од вообичаено. Топлотните бранови, се одразија врз развојот на растителното производство. Градинарите се жалат дека културите на отворено имаат штети, нема род, а плодовите во фаза на зреење се згрутчуваат. Според синопточарите временските неприлики со високи температури кои на отворено достигнуваат над 40 степени целзиусови, нагли промени со силни ветрови и град во пооделни региони ќе се задржат цело лето.

За заштита на здравјето на луѓето има препораки, но кои се препораките да се заштити производството на отворено со температури и УВ зрачење кое урива рекорди? Има ли спас за годинешната реколта, што треба да се преземе за заштита ако не е доцна – во програмата „Радио што се гледа“ разговаравме со Ели Ристеска, агроном од земјоделската аптека Фиталија, наш соработник во интерес на земјоделците.

Климатските промени се реалност и мораме да се привикнуваме на условите. Она што било вообичаено за користење на препарати и техники на одгледување пред една деценија, денес не вродува со плод. Се препорачува наводнување систем капка по капка (заради рационално користење на водата), засенчување со мрежи (како заштита од високото УВ зрачење и од град). Растителното производство да се третира со препарати кои имаат повеќекратна намена и да не ја загадуваат околината, вели Ристеска.    

Почвата е загадена со прекумерна употреба на хемија без контрола, едноставно следејќи ги традиционалните препораки кои важеле пред неколку децении. Земјоделците многу ретко се одлучуваат да направат испитување на површините, кое може прецизно да одреди кои и какви третмани се погодни за успешна реколта. Сеуште, за жал се потпалуваат стрништата, надевајќи се дека со тоа ќе се сузбијат штетници и болести.

– Многу погрешно е палењето на стрништата. Апелирам земјоделците да не го практикуваат ова, бидејќи прави огромна штета на почвата. Огнот ги уништува сите благородни микроорганизми за живот во неа, едноставно ја умртвува почвата, вели Ристеска.

Потребно земјоделците да ги следат насоките за превентивни мерки и заштита на културите од високи температури, суша, високо УВ зрачење како резултат на климатските промени.

–  За заштита од суша, од високи температури препорачувам да се користат минерали кои со векови се познати во источната култура, а имаат вулканско потекло. Зеолитот е еден од нив, прашкаста материја која се нанесува фолијарно или преку систем капка по капка со наводнување. Ја подобрува структурата на почвата, го лечи растението од болести, го подигнува имунитетот и прави заштеда на водата во кореновиот систем. Ова чудотворно средство е познато под повеќе имиња во светот, а се користи и во медицината, бидејќи и луѓето можат да го пијат. Заштитува, прихранува и лекува, а во исто време се бори и против сушата. Може да се користи во комбинација со други препарати без да предизвика контраефекти, додава Ристеска.  

Земјоделската аптека Фиталија, позади катната гаража кај старата автобуска станица земјолците од Прилеп, Пелагонија и цела Македонија им е добро позната на производителите кои сакаат да применуваат напредни технологии за успешно надминување на предизвиците. Агрономот Ели Ристеска вели дека не постои болест која не може да се излечи, решението е во истрајноста, а потребна е волја за надминување на проблемот.

– Советот кај нас е бесплатен. Правиме програми согласно состојбата или проблемот што треба да се реши. Земјоделската аптека Фиталија е секогаш на страната на земјоделците, вели Ели Ристеска, искусен стручњак, агроном која е истрајна во напорите да се направат позитивни промени во македонското земјоделско производство применувајќи ги технологиите кои даваат најдобри резултати, а при тоа не штетат на животната средина.

 

Би можело да ве интересира

СВР Битола: управните служби за издавање на патни исправи ќе работат и во сабота

Нафтата поскапува за 3 денари!

Пуштен за сообраќај патот Росоман – Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе