0.8 C
Прилеп
сабота, 28 декември, 2024
Пела Радио

(ФОТО) Етно село „Станишиќи“ – рај за очи и мир за душа

Сте биле ли во eтно селото „Станишиќи“?! Сте пoмислиле тоа да Ви биде следна туристичка дестинација?! Еве ги моите впечатоци од кои можеби ќе ви се допадне?!

Етно село „Станишиќи“, во Босна и Херцеговина на  5. км  од градот Бијелина распространето е на површина од 15 хектари. Од Прилеп, до етно селото “Станишиќи“ има добри 10-тина часа возење. Но, сиот поминат пат вредеше да се мине, зашто етно селото „Станишиќи“, направено, од имагинацијата на еден човек, претставуваше за мене рај за очите и мир за душата. Верувам дека никој посетител не го оставил рамнодушен.

Творецот на оваа етно бајка, Борис Станишиќ,  успеал да го пренесе своето родно село под Звезда планина, во Семберската рамнина. И, изградил автентични дрвени куќи од своите предци, со инвентар, млекарница, воденици, ковачница, амбар за чување жито и пченка, селска меана,… и се што има едно село, но изградил и реплики од многу тврдини, замоци и кули, бидејќи ги обожувал тврдините, кои однадвор во коплексот „Станишиќ“ се замоци, а внатре,  модерно  уредени хотелски

 

соби, со спа центри и сите рекреативни содржини, базени и сауни.

Но, кога однадвор човек го разгледува целиот комплекс  се чуствува како да е вратен во минатото, во   XVII /XVIII век. Се е во знакот на замоците и селото некогаш.

Трите езера, на кои пловат мирно лебеди и пајки, поврзани се дрвени и камени мостови, како ги имало во средниот век. Камената патека, води низ разгледување на комплексот, а вовчето на шини е наменето за оние кои ги сакаат возовите.

Богата флора и фауна, прекрасно одбрани хортикултурни содржини, многу цвеќе, шамаци и врби, потоци, низ кои пливаат пастрмки, уредена зоолошка мини градина со домашни животни, коњчиња, кози, овци.. и многу тревната зелена површина, само е надополнување на селската идила, пренесена со голема љубов на еден простор.

Етно дрвени куќарки, изградени околу езерата, од нив  неколку автентични куќи, со карактеристични покриви од семејството Станишиќи. За куќата на неговито дедо, Борис Станишиќ вели „Дедо не ни помислуваше дека неговата колиба, во која сакаше најмногу да седи, дека ја пренесов во рамнината Семберија. Дедо ми често ја спомнуваше таа колиба, сонувајќи како во неа дреми. Не му кажав, мислејќи дека ќе се налути. “ – таа е една од куќите која го краси етно селото!

 

Во етно селото се наоѓаат и две автентични воденици за мелење пчница и пченка. Водениците се направени 1937, семејната куќа на неговата мајка, и сите предмети се поставени од тој период го красат домот.

 

 

 

Но, комплексот енто село „Станишиќи“ не би бил комплетен без црква. Манастирот, посветен на „Св.Никола“ (летен) во кои се чуваа дел од моштите на овој светец  преставува реплика на манастирот Куманица во долината Лима на границата меѓу Србија и Црна Гора. Неговата убавина воодушевува и се вклопува во амбиенталното етно село „Станишиќи“.А,восредината на црквата се наоѓа крст .

Бајката од XVII /XVIII век ја пренесуваат и актери кои секојдневно како витези од средниот век, се шетаат низ замоците и мостови, користејќи лук и стрела, меч и боздогани, изведуваат најразлични акции, во целот комплекс, па првиот впечаток е дека тука се снима филм за средновековието.

А, ноевата барка поставена во водите на едно од езерата е потсетување, дека човекот е спасен во овој рај.

Етно, модерната бајка селото “Станишиќи„  ќе ве „нахрани“ со неговата природа, со својата посебност и убавина, со мир  и спокој,  со питомост и  оригиналноста, и ќе ве натера повторно  да посакате да го посетите и да уживате,тука.

 

 

Се разбира ова сето не ќе ми беше овозможено да го пренесам ако не беше компанија од Нови Сад, GREEN.bsn, компанија која се бави со производство на средства за домаќинтство и лична хитиена, изработени од 100 –тина видови билки.  Средства кои не содржат хемиски мирис и боја и се наменети за заштита на животната средина и околината и за заштита на здравјето на луѓето.
Компанијата во етно селото „Станишиќ“ ја промовираше и својет нов дизајн и мото „INSPIRED BY NATURE “,  кое ги воодушеви присутните.

Фала Green .bsn, за прекрасните доживувања!

 

 

 

Би можело да ве интересира

Како да се грижите за вашата божиќна ѕвезда?

Пела Редакција

Сашо Башески еден од победниците на регионалното шоуто „Никогаш не е доцна“

Пела Редакција

(видео) Со новата песна „Македонија на Европско“ – момците од ДНК ќе ги бодрат фудбалски репрезентативци на претстојното Европско првенство

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе