0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

( ФОТО) Синоќа црковните хорови поставија вечер за паметење – понеделник Ламбе Алабаковски со концерт за доизградба на храмот Св.Петка

Во преубавиот вантрешен амбиент во храмот  Св. Петка, синоќа се одржа концертот на духовна и македонска народна музика пто е  дел од циклусот хуманитарни (донаторски) концерти за доизградба на храмот Св. Петка.
Концертот беше замислен да се одржи на отворено, но поради дождливото и нестабилно време, настанот наместо на платото пред храмот, се одржа во цркопвниот храм, што придонесе за една посебан величествена концертска изведба на хоровите.
На концертот се престави женскиот камерен хор „Керамија“ под диригентската палка на Катерина Попоска, дипломиран музичар теоретичар и педагог со духовни композиции од Бортњански, Архангелски и други, и со македонски народни песни.Својот раскошен репертоар го изведе, беспрекосрно, на задоволсто на публиката, и  црковниот хор „Св. Петка“ под диригентската палка на протопсалт м-р Гоце Секулоски.
Тие ќе се претстават со духовни композиции од композитори како Христов, Мокрањац, К. Македонски, А. Бадев, Скаловски, Секулоски и други. Инаку, хорот веќе работи неколку години и активно учествува во молитвено-литургискиот живот на храмот и во останатите храмови во Прилеп, а има настапувано на бројни културни манифестации во Македонија.
Концертот на задоволство на бројната публика, која до последнот место го наполни хранот Св. Петка, е повротно организиран од страна на „Организациониот одбор на хуманитарните концерти „Од векови за векови“, кој предходно го организираше и концертот со Андријана Јаневска, придружувана од изведбите на народни инструменти од Ратко и Драган Даутовски, за истата цел – донација за доизградба на храмот Св. Петка во Точила.
„Главните виновници„ за овие ретки, посебни музички случувања во Прилеп се Протоереј Љупче Петрески и професорот Мендо Ташкоски.„ кои од се срце велат “ Ве покануваме да ни се придружите заедно со вашите семејства и пријатели и со вашата поддршка да помогнете во оваа благородна акција. Секој ваш придонес е чекор поблиску до нашата заедничка цел.
И, веќе во понеделник  29 јули „Организационен одбор на хуманитарните концерти „Од векови за векови“ со ново музичко концертно изненадување.
Под ведро небо ќе се одржи уште еден концерт, во прекрасниот амбиент на цветниот двор пред храмот „Св. Петка“ како дел од циклусот концерти насловени  „Од векови за векови“ , со иста цел – да помогнеме во доизградбата на храмот Св . Петка.
Вечерта, во понеделник, пред публиката ќе застане музичката звезда Ламбе Алабаковски, кој ќе настапи како вокал, заедно со познатата група Марифет. Тие ќе изведуваат македонски евергрини од 80-тите и 90-тите години, народни песни и авторска музика на Ламбе, во аранжман на групата, создавајќи една уникатна и неповторлива музичка формација.
Дојдете да уживаме заедно под отворено небо, исполнето со музика, радост и хуманост. Вашето присуство ќе биде значајна поддршка во нашите напори за доизградба на храмот „Св. Петка“. Нека оваа вечер биде повод за заедничко уживање и зближување во верата и љубовта.„ покануваат,повторно од „Организационен одбор на хуманитарните концерти „Од векови за векови“.

Би можело да ве интересира

Прилеп го одбележа Меѓународниот Ден на Ромите

Елизабета Филипоска

Компанијата ВИК реконструираше 2 детски игралишта во Прилеп

Пела Редакција

Нема да се одржи „Пивофест 2023„?!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе