0.8 C
Прилеп
петок, 27 декември, 2024
Пела Радио

Соопштение: од август градежните работи на експресниот пат Градско – Прилеп се засилуваат

Министерството за транспорт и врски со соопштение за јавноста информира дека се интензивираат градежните активности на експресниот пат Градско – Прилеп од август. Според министерот Александар Николоски надминати била пречката за работа на комисијата која во соработка со ЕУ  работи на надминување на техничките и административни проблеми во изградба на  експресниот пат:

„Од 1 август се засилуваат градежните работи на експресниот пат Градско -Прилеп. Застојот од неработењето од година и половина е надминат и до крај на годината граѓаните ќе можат да возат по нов модерен пат од Градско до Дреново, најави заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Како што истакна Николоски, причината за застојот за изградба на првата фаза од овој патен превец е фактот што во изминатата година и половина, Министерството за траспорт и ЈП за државни патишта не номинарале членови на Комисија која во соработка со ЕУ требало да работи на надминување на техничките и административни проблеми во изградба на овој  дел од експресниот пат.
“ После година и половина јас веднаш ја формирав Комисијата. Таа веќе почна да работи и тоа што е најважно веќе од август ќе се засилат работите на терен се со цел  во декември да се заврши оваа 1 фаза и да се вози по нов пат од Градско до Дреново.  Во однос на втората фаза од Дреново до Фариш, таа практично е најтешката фаза за што имавме состанок до Синохидро и таму ги придвиживме работите. Реално е за очекување веќе во април месец следната година и таа фаза да биде завршена и да се стави во сообраќај”, изјави министерот Николоски.
Според министерот Николоски, од следната година ќе започне да се работи на проект за проширување на превојот Плетвар, во делови каде што недостасува трета лента, се со цел до крај на 2026 година целиот експресeн пат од Градско до Прилеп да биде функционален,“ стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Во тек „Денови на медот“ во Прилеп

Гордана Цветаноска

Прилеп со нови позасилени мерки за заштита .Новинарите под маска. Парични казни за прекршување на самоизолацијата

Елизабета Филипоска

Прв случај на корона вирус во Македонија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе