29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Над 200 учесници во Плетварско езеро за Водици

По петти пат кај селото Плетвар во езерцето се одржа традиционалното влегување во водите и оддавање почит на Светиот крст по повод православниот празник Богојавление Водици. Годинава околу 200 пријавени за учество – влегување во ледените води на езерото. Најмладиот учесник има 4 години, а учесници беа и повеќе девојки. Домаќини оваа година беа Валентин Трајкоски, Даниел Димоски, Тони Дамкоски, Александар Најдоски и Бојан Минчески.

По неколку карактеристики настанот е уникатен бидејќи чесниот крст не се полага во езерото како на најголем број места во земјава и странство. Во Плетварското езеро на Водици учесниците  чекорат со осветениот крст во водите на одредено место обележано во форма на крст и при излегувањето го принесуваат, го предаваат крстот на следниот пријавен.

 

Би можело да ве интересира

Најрадосната – Бадниковата поворка го најави Раѓањето Христово Божик (ВИДЕО-ФОТО)

Пела Редакција

Пуштен во употреба комплексот Прилепско езеро – нови авантури, нови можности

Се зголемува побарувачката на брашно!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе