2.2 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

Седница на Совет: Пензионерите со ниски примања ќе продолжат да се возат бесплатно во јавниот градски превоз, „зелено светло„ за финансирање на спортските клубови…

На денешната седница, испреплетена со могу дискусии, советниците дадоа “зелено светло“ за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, наменети за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, културниот и општествениот живот,а советнивите од опозицијата констатираа дека Општина Прилеп има најмал буџет за  поддршка на спортските клубови, споредбено со други општини. На седницата околу фестивалот на пивото,  советниците едногласно дадоа согласност за одлуката за утврдување на цената за паркирање на патнички моторни возила за време на одржување на ФЕСТИВАЛ НА ПИВОТО 2024-ПРИЛЕП, од страна на ЈП за ПУП Прилеп, ја прифатаија предложената цена и ја прифатија донација од компанијата „КОМФИ-АНГЕЛ“ која се состои од ограда на скали и галерија за во детска градинка во Точила – Прилеп, како и донацијата од страна на физичко лице за реквизити за детско игралиште во паркот кај Основен суд-Прилеп. Со мнозинство гласови за советниците одлучија да се дозволи субвенцинирање на ЈП за ПУП Прилеп за оваа година за реализација на слободниот градски превоз за пензионерите од Општина Прилеп, кои се приматели на минимална пензија.

На денешната седница беа разгледани и беше дадена согласност од мнозинството советници за поднесениот тримесечн извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Водовод и канализација”-Прилеп, за период од 01.јануари до 31.март, 2024 година, и, тука настана дискусијата поврзана со неодамнешното покачување на цената на водата, која ја поведе опозицијата. Директорот на ЈКП Водовод и канализација, пред советниците се обиде да ја објасни причината за потребата од ваквиот чекор, нагласиувајќи дека цената на водата ја регулира Реулаторната комисија за енергетика и водни услуги и дека зголемувањето од 18% не е доаѓа како резултата на одлуките на ЈКП Водовод и Канализација, туку е законска обврска.

На седницата беше рагледан и усвоен и тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Пазари”-Прилеп за истриот период , како и годишниот план за измена и дополнување на годишниот план за вработување за оваа година на ЈОУДГ ,,Наша иднина’’-Прилеп.

 

Советничката група на СДСМ и коалицијата побараа од Советот, пожарникарите од ТППЕ – Прилеп да бидат наградена со 600 илјади денари, како награда за нивната пожртвованост при гаснењето на пожарите во прилепско, но мнозинството советници ова го оцени као намера на опозцијата за добивање само политички поени, па претседателката на Советот на општина Прилеп, одлучи предлогот да се разгледува дополнително на некоја наредна седница.

Советниците на 46 седница ја прифатија оперативната програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето од Општина Прилеп, за сезоната 2024/2025 , ја усвоија одлуката за процена на загрозеност од природни непогоди, епидемии и други несреќи во Општина Прилеп и предлог-планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Прилеп, за период 2023-2027,

Советниците донесоа одлука и за утврдување на потреба од поставување на урбана опрема за спортско рекреативни активности-спортски справи на отворено, дадоа согласност на годишниот план за измена и дополнување на годишниот план за вработување за 2024 година на ЕЛС Општина Прилеп,

према за спортско рекреативни активности-спортски справи на отворено, дадоа согласност на годишниот план за измена и дополнување на годишниот план за вработување за 2024 година на ЕЛС Општина Прилеп, а беа усвоени и неколку точки поврзани со одлуката за изменување на урбанистичките планови , како и предлог-програма за измена и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште во 2024 година, урбанистичкотопланирање по барање на граѓани.

 

Советниците го прифатија и предлогот на младите за учество и имплементација на активностите (реализација на SMALL-SCALE пилот проекти) од  проектот “Зајакнување на луѓето од Пелагонија”, финансиран од Програмата МАТРА и Кралството на Република Холандија, во партнерството со Про Локал од Битола.

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Kaранфилоска: Природата е совршено место за пронаоѓање на сопствениот мир

Пела Редакција

ЛС Прилеп ги повикува граѓаните одговорно да пристапат кон подмирување на данок на имот и комунална такса

Пела Редакција

Нападната медицинска сестра во прилепската болница, пожар на товарно возило, приведени тројца за дрога

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе