7.2 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Ќе бараме одговорност за уништување на општествениот имот (ВИДЕО)

„Училиштето кое требаше да го носи името на заштитникот на градот Свети Никола, поради неспособноста на локалната власт на СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, не го дочека своето отворање, па денеска, истото, претставува, и е, предмет на кражби“, обвини на денешната прес конференција Гоце Бумбароски од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

– Се работи за инвестиција во вредност од 10 милиони денари на претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, а тука требаше да учат околу 170 деца до петто одделение. Градоначалникот Јованоски веќе трета година ја предводи Општина Прилеп, но заборави дека и во својата предизборна програма вети ново училиште во оваа населба. Денеска повторно го потсетуваме дека тука веќе е изградена нова училишна зграда и дека само поради неговата негрижа и неспособност од оваа зграда ќе останат ѕидови. Одговорноста за тоа ќе биде само негова, а децата од овие населби поради Илија Јованоски и понатаму ќе посетуваат настава далеку од своите домови, рече меѓу другото Бумбароски.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ ја повика локалната власт да се фати за работа и да го спаси училиштетото додека сеуште има време, зашто во спротивно ќе биде побарана одговорност за уништување на општествениот имот, беше речено на прес конференцијата.

Следува видео за состојбата на објектот:

Би можело да ве интересира

ОК на ВМРО ДПМНЕ смета дека замислената реформа и новата концепција ќе му нанесе штета на образованието и децата

Елизабета Филипоска

Илиеска: советничката група на СДСМ и Коалицијата ќе направи се’ за да го спречи поскапувањето на услугите на јавните претпријатија

Гордана Цветаноска

Дали денес од СДСМ ќе се чуе името на кандидатот за градоначалник на Прилеп?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе