3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Фото + видео) Алабаковски воодушеви со својата изведба на платото во храмот Св.Петка

Под ведро небо, во  прекрасниот амбиент на цветниот двор во храмот „Св. Петка“ продолжува концертната донаторска изведба, под насловени  „Од векови за векови“, за помош за доизградбата на храмот Св. Петка во Точила.

Синоќа, прилепчани кои присуствуваа во огромен борј, уживаа во едно посебно издание, исполнето, со љубов, духовност и емоции од иаведбата на македонскиот музички идол, Ламбе Алабаковски, кој настапи како вокал, заедно со познатата група Марифет. Тие заедно изведоа македонски евергрини од 80-тите и 90-тите години, народни песни и авторска музика на Ламбе, во аранжман на групата, создавајќи една уникатна и неповторлива музичка формација, прекрасна за слушање, гледање и уживање во секој звук.

Овие вечери ни’ покажаа дека преку културни и духовни активности можеме да ја зајакнеме нашата заедница и да постигнеме големи нешта. Тоа чувство на заедништво и љубов ги прави нашите срца поблиски и ни дава сила да продолжиме со нашите благородни дела. Кога сме обединети, водени од искрена вера и взаемна почит, тогаш нашите активности не се само обични настани, туку благословени дела кои го радуваат срцето на Бога. Доволно е само да се видат насмеаните и радосни лица на присутните, особено на мноштвото радосни деца кои си пееа и играа. Тие моменти на чиста радост и заедништво се најголемото сведоштво за успехот на нашите напори и за духовната и културната вредност на овие настани,“ – напиша на својот ФБ профил, Протоереј Љупчо Петрески, кој е еден од организаторите и член на „Организационениот одбор на хуманитарните концерти „Од векови за векови“.

 

Ова е трет концерт од циклусот хуманитарни (донаторки) концерти “Од векови за векови”. Најпрвин концерт одржа Андријана Јаневска со Ратко и Драган Даутовски, а потоа концерт одржаа црковниот хор Св. Петка и женскиот камерен хор Керамија. Бројноста и интересот на публиката и позитивните реакции од прилепчани, за овие културни настани кои се одржуваат во еден од најубаивте прилепски храмови,  самопосебе говори дека прилепската публика е желна за уникатни, квалитетни настапи на музички имиња и групи, кои ќе ја пренесат културата и традицијата на нашиот народ, концерти кои ја збогатуваат културната понуда и се интегрираат во амбиентот на храмот, за стеот тоа да претставува едно уникатно културно, духовно собиралиште, кое преку музиката ја негува традицијата и духовноста на македонскиот народ.

ВЛЕЗОТ за концертите Е СЕКОГАШ СЛОБОДЕН. 

А, ЖИРО СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ за помош за доизградба на храмот Св. Петка е: 

Храм „Св. Петка“-Точила, Прилеп 500-000000887189 

Би можело да ве интересира

Преку стихови на љубовта до меѓуетничка толеранција (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Единствено во спортски Прилеп – натпревар за врзување врвки и шнирање на патики

Пела Редакција

Во Прилеп опожарено уште едно возило

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе