5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Голем интерес за закуп на простор за Фестивалот на пивото и скарата

По повод претстојниот фестивал на пивото и скарата во Прилеп, УЈП Регионална дирекција Прилеп денеска одржа информативно едукативна средба со организаторот на манифестацијата, со претставници од Регионалната стопанска комора и Комората на занаетчии, како и правни лица кои ќе земат учество на настанот.

„Овие средби се едукативен карактер да ги едуцираме, да ги потсетиме физичките и правните лица кои се правата и обврските што ги имаат кон државата и според Законот за готовински плаќања, примената и почитувањето на тој закон, задолжително издавање на фискални сметки кога има промет со готовина, кога плаќањата не се вршат преку банкарски трансакции и втората тема е издавањето под закуп на викенд куќи, апартмани, соби. Да ги потсетиме кои се обврските на тие кои издаваат вили, а се користат за прослави…Сите ние како граѓани имаме права, но и обврски кои треба да се подмират спрема државата,“ посочи Емил Батаклиев, управник на Регионална дирекција на УЈП Прилеп.

Интересот за закуп на простор и штандови за фестивалот на пивото е голем, традиционално ќе бидат присутни двете најголеми пиварници во Македонија, но и други трговци претставници на странски пиварници, вели Дарко Крстески претставник на организатор на фестивалот.

„Ќе бидат присутни двете најголеми пиварници, неколку увозници на пиво, уште еден помал домашен производител на пиво, угостителски објекти од Прилеп, од Скопје. Сите кои се обратија за закуп на простор цената е според позицијата. Има две централни позиции, цената зависи од близината до централната бина,“ вели Крстески.

Угостителите се запознати со процедурите и обврските кон државата, но велат дека потребно е да се поедностави постапката.

„Ние сме подготвени за Пиво фестот, ги знаеме нашите обврски. Имам апелирано и до Стопанската комора за вакви манифестации да не биде толку комплицирано, да биде со паушално плаќање, претходно плаќање на паушал, бидејќи премногу се големи обврските и трчање по институции. За краток период се прави еден угостителски објект од 0. За 3 до 4 дена обврската е преголема, но така се поставени законите и мораме да ги почитуваме,“ вели Јордан Момироски, претседател на Комората на угостители Прилеп.

Традиционалниот фестивал на пивото и скарата од минатата година е ребрендиран под името Prilep beеr weekend и годинава се одржува од 9 ти до 11 август. Музичката програма е позната, а според организаторот предвидениот простор е веќе 90% издаден.

 

Би можело да ве интересира

Од вечерва во Прилеп 8 мо издание на меѓународниот филмски фестивал „Winter Apricots“

Гордана Цветаноска

Шеќеринска во Прилеп:„Членството во НАТО е наша придобивка!„

Елизабета Филипоска

Привремено вработените во прилепската болница бараат трајно вработување (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе