3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Прилеп домаќин на Светско јуниорско првенство во спортско моделарство

Прилеп домаќин на Светско јуниорско првенство во спортско моделарство – воздухопловни модели во организација на Воздухопловна Федерација на Македонија и Воздухопловен клуб „Фил Феникс“Прилеп. Натпреварите ќе се одржуваат на теренот кај селото Веселчани7, 8 и 9 август од 7 изутрина со финални натпревари во попладневните часови. В сабота на 10 ти август вечерта ќе биде прогласување на победниците. Ќе учествуваат 16 репрезентации од три континенти, а денеска беше промовиран плик и поштенска марка во чест на големиот спортски настан. Вечерва е планирано свеченото отворање со огномет во центарот на Прилеп.

 

„Во Прилеп ќе се одржува врвен спортски настан од областа на воздухопловните спортови. Имаме учесници од три континенти, од Европа, од Америка и од Азија. Врвот на воздухопловното спортско моделарство оваа недела е во Прилеп.

Во чест на одржување на овој настан од највисок ранг во соработка со Македонски пошти изработивме заедничка поштенска марка и плик во чест на јубилејот, петти настан од највисок ранг од спортско моделарство,“ рече Здравко Тодороски, претседател на Воздухопловен клуб „Фил Феникс“Прилеп, долгогодишен синоним на македонското спортско воздухопловно моделарство.

Поддршка на оваа спортска манифестација дава и Општина Прилеп, на денешната промоција на јубилејната поштенска марка и плик присуствуваше градоначалникот Борче Јовчески и претседателката на Советот на општина Прилеп Ирена Стерјоска.

„Овој спортски настан е од огромно значење за Прилеп, економски и спортски. Ја поздравувам организацијата се надевам дека обезбедивме оптимални услови за одржување на еден ваков врвен настан,’ посочи градоначалникот Јовчески.

Ќе се натпреваруваат околу 150 јуниори во повеќе категории. Утре се натпреварите во едриличарството, в четврток се натпреварите со модели на гумен мотор со елиси, а в петок се натпреварувањата со моделите на класичен мотор со внатрешно согорување.

 

Би можело да ве интересира

Крушево започнува со реконструкција на водоводната мрежа

Елизабета Филипоска

Балонот наречен сиромаштија

Гордана Цветаноска

Стартува јавниот градски превоз, но со вонредна линија и ограничување на бројот на патници

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе