12.1 C
Прилеп
петок, 18 април, 2025
Пела Радио

(Фото) ЧЕСТИТКИ! Трето место за фустал екипата на Радио Пела на меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски Рајче“

Екипата на Радио Пела – Прилеп, го освои трето место на традиционалниот меморијалн турнир во мал фудбал на отворено “Љубомир Рајчевски-Рајче„  во с. Глуво, скопско, ( од 12 јули до 10 август ), кој оваа година се организираше по 18 ти пат.

Честитки за фудбалскиот состав  на екипата на Радио Пела – Општина Прилеп: Кристијан Даноски, Дарко Путески, Ѓорги Попоски, Теодор Димитровски, Евгениј Костадинов, Кирил Костов , Илчо Мојсоски.

Инаку, футсал екипата на Радио Пела за прв  пат настапува на овој меморијален турнир, кој се организира во чест на фудбалската легенда на фудбалскиот клуб „Вардар“ Љубомир Рајчевски – Рајче, кој потекнува од село Глуво, Скопска Црна Гора,  Општина Чучер Сандев.  Во своето натпреварување, екипата успеа да победи 5 футсал екипи и да стигни во финалното натпреварување, каде на пенали 5:0, го совлада противникот и го освои третото место.

Радио Пела максимално го поддржува спортот  и луѓето кои сакаат да спортуваат. Пехарот наскоро ќе пристигне и ќе го краси студиото на Радио Пела! Браво и честитки дечки, за вашата борбеност, максимална пожртвуваност на терен и постигнат успех! Благодариме што не’ претставувавте, го промовиравте нашиот медиумски бренд и освоивте пехар.

На годинашното издание на традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски Рајче“ учествува 24 футсал екипи . Организациониот одбор, обезбеди и одличен награден фонд за трите првопласирани екипи во вкупна вредност од 300.000 денари.

Настанот е под генерално покровителство на општината Чучер Сандево и граѓаните на село Глуво.

 

Би можело да ве интересира

ТИКВЕШ ПОБЕДНИК, ЈАНЧЕВ НАЈДОБАР ИГРАЧ на шестиот меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски

Елизабета Филипоска

Се е подготвено за ракометниот меморијален турнир „Миле Нешкоски“

Елизабета Филипоска

Бикоски : ракометот треба да се игра во сала со историја (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе