22 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

По 16-ти пат ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2024“

Mеѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2024“ која се одржува по 16 ти пат во Прилеп, во организација на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, собра голем број уметници од земјава и од странство.
 На колонијата ќе творат: Петја Ѓеоргиева од Бугарија, Небојша Станков, Среќко Здравковиќ, Јована Ѓуриќ, Немања Вучковиќ од Србија, Радица Лелова, Александар Таневски, Светлана Попова, Суарта Луфи, Ангел Коруновски, Валентина Стеваноска и Слободан Милошески од Македонија и прилепчаните Тони Чатлески Никола Димески, Марјан Стојаноски, Столе Дурланов.
Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во Центарот за култура , а претставени и во повеќе градови низ Македонија.
 „Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во ноември, кога  Центарот ќе одбележи 45 години од формирањето “ – вели Марија Попова Јованоска, в.д. директор на ЦК „Марко Цепенков“.
Ликовната колонија „Марко Цепенков –Дрен” досега е покровител на над 400 уметнички дела што се во наследство на прилепскиот Центар за култура и на државата. Ликовната колонија започна на 8 август и ќе трае до 13 август.
Колонијата е поддржана од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Гала концерт за 40 години од Дом на културата „Марко Цепенков“

Фото кино клуб „Прилеп“ ги собра наградите на државниот фестивал на аматерски филм во Стурга

Елизабета Филипоска

Уметникот Зоран Кардула именуван за витез на културата на ЦСЛУ за 2022

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе