2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Потпалувач во атарот на с.Канатларци предизвикал пожар на отворено

Синоќа (12.08.2024)  во 21.00 часот ,во с.Канатларци, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.М.(29) од с.Канатларци поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по член 227 од Кривичниот законик.
Тој се сомничи дека околу 19.00 часот кај место викано „Корија“ во атар на с.Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,информираат од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Две лица претепале 52 годишен човек од Прилеп

Елизабета Филипоска

Десетмина осомничени, седуммина во притвор за лажни документи

Гордана Цветаноска

Тешка сообраќајка синоќа, кај Мало Коњари

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе