7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Портокалова фаза и утре – мерките за превенција остануваат и за утрешниот ден

Владата го продолжи времетраењето на мерките за превенција поради топлотниот бран и за утре, четврток. Со тоа мерките ќе бидат во сила и утре, 15 август, при што се препорачува ослободување од работни обврски за бремените жени и лица на возраст над 60 години.

„Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот“ е наведено во владиното соопштение.

Во тек на инспекциските надзори спроведени на 12 и 13 август, деновите за кои Владата донесе препораки, изречени се  19 решенија со наредба за почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран и вкупно 16 решенија за забрана за работа поради непочитување на владините препораки за заштита од топлотниот бран.

Владата препорачува ,утре, во градинките да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

И утре ќе се задржи многу топло време со максимална температура над 40°C , поради што ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

Од утре во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на краткотрајно невреме. За време на викендот и во почетокот на следната седмица нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град, велат метеоролозите.

Би можело да ве интересира

Се отвораат операционите сали во прилепската болница

Гордана Цветаноска

Кутија за донација во спомен куќата на Тоше, а во Нова Градишка ќе биде откриен споменик

Елизабета Филипоска

Витаминка на една од најпознатите изложби за храна и пијалаци во Југоисточна Европа – Food Expo 2023 во Атина

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе