Вчера, (вторник) параглајдерист од Украина, 52 години, паднал во атарот на с.Мажучиште, додека летал над Пелагонија.
На 13.08.2024 во 15.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во атар на с.Мажучиште на регионален пат Прилеп – Македонски Брод паднал параглајдеристот П.В. (52) од Украина, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош.
Според пријавеното, тој заедно со уште еден параглајдерист од Украина околу 12.00 часот полетале од полетувалиште во Крушево кон Прилеп, по што на наведеното место П.В. паднал со параглајдерот. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се работи на негово расчистување и документирање, информираат од СВР Битола,