11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Спомен домот „Блаже Конески“ Небрегово домаќин на турнир во забрзан шах

Втора година по ред во спомен домот „Блаже Конески“ во Небрегово на 18 ти август, недела, од 10 часот ќе се одржи турнир во забрзан шах. Манифестацијата е во организација на НУ Завод и Музеј Прилеп, КЕЦ Небрегово и Шаховскиот клуб Прилеп по повод 76 години од основањето на Шаховската федерација на Македонија.  На турнирот ќе земат учество 16 шахисти кои достојно ќе го одбележат денот на формирањето на Шаховската федерација на Македонија, чиј што прв претседател бил Блаже Конески. Сите заинтересирани вљубеници во шахот можат да присуствуваат и да земат учество во одбележувањето.

Блаже Конески бил вљубеник во шахот и настапил на првиот екипен шампионат на Југославија, веднаш по ослободувањето што се одржал во Скопје во далечната 1946 година. Играл за екипата на Работнички во полуфиналето против Црвена звезда од Белград. Во педесеттите години, поточно 1948 година  бил избран на изборното собрание за прв претседател на Шаховскиот сојуз на Македонија. Бил многу ревносен како претседател, но поради обврските на факултетот и писателската дејност, по неколку години на претседателската функција, се повлекол.

 

Би можело да ве интересира

Ќе се спречи пропаѓањето на „Св Ѓорѓи“ во Курбиново ,Преспанско

Елизабета Филипоска

Прилеп домаќин на Европскиот куп во параглаjдинг

Гордана Цветаноска

(Фото) И, по 19 години 10 -те прилепски бранители загинати на Карпалак се колктивен непребол на Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе