За фудбалот :Од интервјуто, емитувано на 15-ти јуни, на Радио Пела, во емисијата „Жешко столче„ .
Радио Пела : Како да се врати рејтингот на ФК Победа?! Како Победа да биде привлечна за публиката? Како да се врати публиката на стадионот, бидејќи фудбалот сепак се игра за публиката?
Колку да сум оптимист не може да се врати тоа што беше! Има објективни причини. Прво се променија приликите. Денеска фудбалот не е оној аматерски фудбал. Денеска фудбалот е професионален, денска е се поврзано со парите и тоа со многу пари, милионски суми, по 100 /200 милионе евра за еден фудбалер.Тоа е невозможно за една една ваква средина, како што е Прилеп.
Второ, со ваквиот однос кон фудбалот оштетени се малите клубови кои градат играчи од мали нозе, го тренираат од пионерска, младинска школа, а веќе на 16/17 години му прават договор големите европски клубови.И, ти го учиш, а го губиш, кога најмногу треба да даде за својот клуб.-низ разговор во емсијата „Жешко столче„,истакна Кирли Самарџиоски, Претседател на Управниот Одбор на Прилепска Пиварница, неколкупати потпретседател на ФК Победа и вљубеник во фудбалот.
Клуб на фудбалските легендите
Кирил Самарџиоски,од недоман ја започна и акцијата за едномесечно собирање и дружење со прилепските фудбалски легенди од ФК Победа, се со цел ови врвни спортиси, да не бидат заборавени, и да послужат на идните фудбалски генераци како пример за пожртвуваност, истрајност, посветеност и љубов кон фудбалот, публиката и саканиот клуб, Победа!
Радио Пела : Има ли надеж за прилепскиот фудбал?!
Но, има и надеж! Јас сакам да помогнам! Со еден репрезентативен наш тренер, можам да обезбедам Победа да влези барем во првото коло на Лигата на Шампоните. Тоа би биле 20 илијди гледачи, како некогш, кога грмеше стадионот, кога градот беше празен и беше празник за Прилеп, кога „Победа „ играше на домашен терен.
И, има можности да се врати рејтиног на ФК Победа . По негова калкулација (на тренерот ,чие име не го дознавме) со 1,5 мили евра, се стига, доволно, да се надополни клубот со квалитетни играчи и со квалитетно – техничко водство, меѓутоа услов над условите е да се направи градскиот стадион.
Ако се направи, јас отворено кажувам, би се ангажирал, и таа финасиска конструкција, до 1,5 милион евра ја имам зацртано. Може, тоа да се обезбедиа за однапред да бидат задоволни играчите, да им се плаќаат придонеси, да бидат професионално агажирани, како вработени во клубот- рече Кирли Самарџиоски, и додава
ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКА ФУНКЦИЈА
На три пати бев потпретседател на ФК Победа. Тоа беа други времиња, во однос на исплајќањето на играчите тренерите, на црно , без придонеси. Поради тоа денеска, еден од најдобрите фудбалери на Победа , Глигороски, зема пензија, едвај 6.000/7000 ден. Тоа е катастрофа и е недозволиво. Тогаш парите се заработуваа,но и лесно се трошеа.
Радио Пела: Ќе се врати ли публиката да ја бодри Победа? Желна ли е прилепската публика за добар фудбал?
Ние не можеме да се натпреварувам со западниот фудбал. Јас гледам постојано во сабоа англиско првенство. Стадионите во Англија се преполни. Фудбалот се игра за публиката. Навивам за „Манчестер“ и сакам да гледам фудбал и да појдам, но не можам да добија карта, влезница. Се цени и се плаќа квалитето. Со вавките првенства и играње на фудбал, кај луѓето се сменуваат критериумите за квалитет, за квалитетен фудбал. Луѓето сега се навикаа на квалитет во фудбалот и сакаат да гледаат врвен, квалитетен фудбал и тоа прави промена во критериумот за фудбал и кај нас. Не може денеска прилепската публика да биде задоволна со просечност, да не речам, потпросечност. Ова сега што се прави со Победа за мене е џабе трошење пари, во која учествува и Прилепска Пиварница. Да играш за последно место, со некој фудбалски клуб од селата (да не ми забележат, но така е) и да се радуваш дека не си одпаднал од лигата, тоа за мене е недозволиво за Победа, за Прилеп, за градот на фудбалот. Некогаш постоеа три фудбалски градови во Македонија: Скопје, Прилеп и Битола , и од неодамна Штип. Другите биле секогаш второразредни. И, тие денеска дојдоа да ни креираат фудбал, а ние се радуваме на просечното.Но, и на ова сакам да го потенцирам, раководствата на ФК Победа, од 90-тие години наваму, исто така сносат голема вина за оваа состојба со Повда.
Ако се работи за Победа потребни се луѓе, ентузијасти, вљубеници фудбалот, во клубот ,работа без профит, а фудбалерите треба да се наградуваат за нивниот труд и да бидат во работен однос, бидејќи тој период од животот кој ќе го изгубат во фудбалот, ќе се жртвуваат за спортот, никогаш нема да се врати.- вели Кирли Самарџиоски и додава
БЕЗ СТАДИОН НЕМА ФУДБАЛ!
Но, услов над условите и темел НА СЕ е стадионот! Како јас ДА ОДЛУЧАМ да финасирам , да одиме за прво место, а да играме на туѓ терен. Тоа е незамисливо за Прилеп! Да играш во Велес, Охрид, Струмица на т.н „домашен терен“ е нон сенс, да немаш своја публика?!
Фудбалот го прави публиката. Амбиентот на стадионот го прави публиката! За кога играат фубалерите?! Ако се створат убави услови и има квалитетен фудбал и публиката ќе си плаќа за влез, и тоа е еден начин на финасирање. Прилепчани не се шкрти луѓе за тоа! Но, сакаат квалитет и го препознаваат квалитетот во фудбалска игра , бидејќи овој град отсекогаш бил фудбалски град.
Интервјуто е емитувано на 15-ти јуни на Радио Пела, во емисијата „Жешко столче„ .
Целиот разговор побарајте на нашиот портал под наслов „Човек пред времето“ (од 29,15 мин.)
Фотографиите се позајмени од facebook страната на соговорникот! Му благодариме!