13.3 C
Прилеп
четврток, 8 мај, 2025
Пела Радио

Фестивал на пиперката во Кривогаштани

На 31ви август 2024 година во општина Кривогаштани во организација на општината ќе се одржи  вториот по ред „ФЕСТИВАЛ НА ПИПЕРКАТА“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумерство и водостопанство, соработници и партнери.

Нашето црвено злато – пиперката капија, низ оригиналните рецепти од нашите поколенија надополнети со љубов од вештите мајстори во гастрономијата стануваат врвни деликатеси кои се незаменлив дел од нашата трпеза, и вистински одраз на нашите традиционални вредности. Со оваа манифестација ќе промовираме производи кои се одлика на богатото, препознатливо македонско производство во општина Кривогаштани и нејзините културни и традиционални вредности.

Локалната гастрономија ќе биде претставена преку храна и пијалок, а нашата култура ќе биде претставена преку нашата македонска музика.  Важноста  од производството на пиперка ќе биде прикажана низ едукативно-забавно катче за најмладите. Успешната приказна за промоција на македононската култура и традиција продолжува со промовирање на локалните обичаи, домашната храна, земјоделското производство и потенцијалот на општина Кривогаштани.

Би можело да ве интересира

Продолжува соработката помеѓу АЛДА и Општина Новаци на тема : „Алатки за локална демократија“

Елизабета Филипоска

Државна помош и бескаматни кредити за земјоделците

Дочек на Новата 2025-та година на Плоштадот „Александрија“ во Прилеп!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе