11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ИН МЕМОРИАМ: Почина фудбалската легенда Кирил Атанасоски – Бикерес

На 90 години почина Кирил Атанасоски – Бикерес (1934-20124) ,  фудбалска прилепска легенда, еден од најдобриот напаѓачи во прилепскиот фудбал,  врвен спортист и спортски тренер , кој фудбалот му го пренесе на голем број  фудбалски генерации. За екипата Победа на деснокрилната позиција одигрува меѓу 1949 и 1965 година во Републичката лига, Четвртата зона, Купот на Југославија, Втората југословенска лига… Тој беше велемајстор за слободни удари, корнери и т.н „ножички“. Запишано е дека за ФК „Победа“ одиграл 272 натпревари и постигнал 141 гол.

Фудбалските чекори биле во клубот со првото име СД Гоце Делчев во 1949 година, на 15 години. Многу од постарите играчи биле казнети. Наместо нив заиграле млади. Кирил почнал една година порано од прописите, оти немало кој да игра. Првиот меч бил во Штип. Сите зборувале за победите, успесите, головите на Бикерес. Тој бил голема ѕвезда од педесеттите и шеесеттите години. Ја завршил фудбалската кариера на 31 година (1965/66) па, својата кариера ја започнува како фудбалски тренер.

Бикерес по играчката кариера продолжува како фудбалски тренер во младинската школа, а од неговата работа се многу фудбалери кои во седумдесеттите, осумдесеттите и деведесеттите години од 20 век настапуваа за Победа.

Би можело да ве интересира

Академски час на Академик, проф д- р Валентин Мирчески – Електронот е Божјата честичка во рацете на хемичарот

Елизабета Филипоска

Трицикли за Роми кои собираат отпад

Елизабета Филипоска

Во храмот Параклис ќе бидат изложени моштите на Св. Климент Охридски и Св. вмч. Пантелејмон

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе