5 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Утре, недела, атлетски трки во центарот на Прилеп „Че трчаме“

Утре, први септември, центарот на Прилеп ќе биде преплавен со спортисти, рекреативци учесници на спортско рекреативната манифестација „Че трчаме“. Трките на 5 и на 10 км започнуваат од 8 часот од пред „Реклами“ и ќе се одвиваат на улиците во централното градско подрачје, а детските трки започнуваат од 11 часот.

ЈА ИНФОРМИРАМЕ ЈАВНОСТА ДЕКА НА ДЕН 01.09.2024 (НЕДЕЛА) СО ПОЧЕТОК ВО 08:00 ЧАСОТ. ПОРАДИ ОДРЖУВАЊЕ НА АТЛЕТСКА ТРКА ЌЕ БИДЕ СПРОВЕДЕН ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД ПРИЛЕП ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ. ТРАСАТА НА ДВИЖЕЊЕ НА ТРКАТА ЌЕ ЗАПОЧНЕ ОД БУЛ. ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ (РЕКЛАМИ) И ИСТАТА ЌЕ ОПФАТИ ДЕЛОВИ ОД УЛИЦИТЕ ПРИЛЕПСКИ БРАНИТЕЛИ, ДИМО НАРЕДНИКОТ, КЕЈ 9ТИ СЕПТЕМВРИ И КЕЈ 1ВИ МАЈ И УЛ. ЈОСКА ЈОРДАНОСКИ.

, стои во соопштението од организаторот.

Спортско – рекреативната манифестација „Че трчаме“ опфаќа вкупно 5 трки низ улиците на градот со различна должина на патеките и за различни возрасти. Ќе бидат вклучени и најмладите до 7 годишна возраст, до 11 години и до 14 годишна возраст.

Настанот е поддржан од Општина Прилеп и се очекува да присуствуваат неколку илјади спортисти, атлетичари, рекреативци. .. За децата учесници и присутни е обезбедено детско катче со повеќе забавни содржини.

Покрај спортскиот дел Извидничкиот одред „Феникс“ организира и детско катче за сите дечиња кои ќе бидат присутни на трката. Ова катче ќе биде збогатено со игри, работилници, многу игра и забава!

Ќе учестуваат над 3 илјади учесници од цела Македонија и од странство. Организаторот обезбеди награди за сите учесници.

Би можело да ве интересира

Кои беа најдобрите состави по повод патрониот празник на градот?!

Елизабета Филипоска

Вечно замина човекот кој живееше за блузот

Елизабета Филипоска

Сеуште гори Македонија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе