18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Ќе се спроведува трета фаза за уништување ларвени форми на комарци во прилепско

На територијата на Општина Прилеп во деновите 3 и 4 септември 2024 година во периодот од 7 до 13 часот екипа од Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе ја спроведува третата фаза од ларвицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените форми на комарци.

„Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени водени површини т.е места каде има идеални услови за раст, развој и размножување на комарците како што се фонтани, мини езерца, одводни канали, блата и мочуришта, делови по течението на градската река, делови од Дабнички канал, Селечка река, област Маркова чешма, област Поводеници, Вештачко езеро, Волковски езерца, област Ѓумушица, Сарика, како и водени површини во населените места Беровци, Кадино село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало и Големо Коњари. Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата се одложува за следниот ден, “ стои во соопштението на Центарот за јавно здравје Прилеп.

Би можело да ве интересира

Поклон пред ликот и делото на Блаже Конески

Елизабета Филипоска

Седница на Советот – советниците бараа одговор: за состојбата со водата, кучињата скитници, за детската градинка…

Пела Редакција

Концерт на КУД Дримкол од Вевчани пред Цепенков

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе