Во организација на Слоу фуд Прилеп, в сабота во Прилеп, на 14 ти септември, на платото кај Градската саат кула, од 10 до 18 часот ќе се одржи шестото издание на манифестацијата „Млеко 2024: Предизвици во сточарството“, настан кој со својата интересна програма ќе привлече разновидна публика. Манифестацијата има саемски – изложбен карактер со можност за дегустации на квалитетни производи. Освен изложба на сирења и млечни производи, на овој саем ќе бидат присутни и други производители на традиционални продукти зимници, мед, на ракотворби.
За најмладите ќе има детско едукативно катче, со две работилници: „Млечна магија: Боиме бело“ со Гоце Бумбароски и „Патот на млекото: истражување на млекото и млечните производи“ со Јасна Ѓорѓиевска.
Планирана е дегустација со сензорно оценување на сирења, конференција „Климатските промени и новите вектори на болести“, што ќе ја држат проф. д-р Методија Трајчев од Факултетот за земјоделски науки и храна и Елена Каровска -Гошевска, дипл. инж. за преработка на анимални производи.
Музичкиот дел е резервиран за староградска музика за кој се задолжени „Романса“ и женскиот хор „Орхидеја“.