8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Центар за јавно здравје Прилеп ќе спроведува есенска превентивна дератизација

Во периодот од 16.09 2024 до 04.10.2024 екипи на ЈЗУ Центарот за Јавно Здравје – Прилеп ќе ја спроведуваат есенската превентивна систематска дератизација. Дератизацијата ќе се изведува со користење на отровни мамци, а ќе се третираат подземниот канализационен систем во градот и градската депонија Алинци. Дератизацијата ќе се изведува со користење на отровни мамци (родентициди).

 „Со цел успешно спроведување на дератизација, како и да се избегнат евентуалните несакани последици граѓаните треба да ги преземат следните мерки: 

  • Во текот на спроведувањето на дератизација да се оневозможи присп на населението до местата каде е спроведен и означен дератизациониот процес. 
  • Строго се забранува контакт, преместување и отстранување на родентицидните мамци. 
  • Да се оневожможи контакт на домашните животни со родентицидните мамци.

Доколку граѓаните не се придржуваат на мерките ЦЈЗ -Прилеп се оградуваат од секаква одговорност при појава на несакани последици,“ стои во соопштението од ЈЗУ Центарот за Јавно Здравје – Прилеп.  

Би можело да ве интересира

Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби

Елизабета Филипоска

Отворена изложбата со над 500 маски изработени од учениците

Гордана Цветаноска

Поевтинуваат горивата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе