3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Услугата нега и помош во домот стана дел од системот за социјална заштита

Повеќе од една година Здружението „Центар за развој и едукација“ Прилеп како лиценциран давател на услугата помош и нега во домот обезбедува поддршка за независно живеење за над 210 корисници на територијата  на Општините Кривогаштани, Прилеп и Долнени  со вклучени 58 обучени негуватели.

 Социјалните услуги се покажаа за потребни во локалните заедници на трите општини бидејќи се зголемува бројот на лица во повозрасната категорија кои живеат сами и имаат потреба од помош и нега. Проектот досега се реализираше преку Светска банка, а од почетокот на август годинава управен потпишан е договор со Министерството за труд и социјална политика со што во иднина ќе се овозможи одржливост на услугата, што значи дека системски се решава континуитетот на услугата и проширување на опсегот и на корисниците и на вклучување на што повеќе лица како негуватели во секторот на економија на грижа, вели Марина Тошеска, координатор на проектот „Развојна услуга нега и помош во домот“.

Услугата е целосно бесплатна и Македонија се издвојува на ниво на Европа, бидејќи во другите земји корисниците имаат свое финансиско учество. Во земјава со социјалната реформа во 2019 та година се овозможи поголема достапност на социјалните услуги до граѓаните независно од возраста и местото каде што живеат.

Проектот се работи во партнерство со трите општини и со Регионалниот центар за социјална помош Прилеп. На ниво на Македонија вклучени се над 1000 негователи.

Центар за едукација и развој работи на проширување на услугите, така што во наредниот период со поддршка на Република Австрија, Министерството за социјална политика, здравство и нега и заштита на потрошувачи започнува со нова услуга „Медицинска сестра во заедницата“ наменет за лицата со намалена функционалност обезбедување на здравствена заштита. Во наредните 2 години, преку проектот ќе бидат оформени мобилни тимови со медицински сестри кои ќе ги посетуваат домовите, со дополнителна опрема, медицинска грижа, физиотерапија, психотерапија, а планирани се дополни вработувања на професионален кадар.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Светиклиментовото кандило гордо светеше во рацете на г.г. Ангелариј“ од авторот д-р Бранко Стојановски

Гордана Цветаноска

Кои улици понеделник 25 ти септември ќе немаат ел.енергија?!

Пела Редакција

За потребите на земјоделството во прилепско поставени агрометеоролошки станици

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе