10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Филмот „Бизнисот на задоволството“ од утре ќе се прикажува во Прилеп

Долгометражниот игран филм „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски од четврток, 19 септември во 19.30 часот ќе игра во киното „Мис Стон“ во Прилеп.

Се работи за политички трилер којшто ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на најдобрата пријателка подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Филмот во својата богата меѓународна фестивалска година заобиколи пет континенти со 32 селекции и 10 освоени награди.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм.

Би можело да ве интересира

Љубојна со концерт под Градскиот Саат во Прилеп

Елизабета Филипоска

Дворот на OОУ „Рампо Левката“ блесна во полн сјај (ФОТО)

Пела Редакција

Зошто се одбележува Меѓународниот ден на трудот?!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе