11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Селектираната отпадна пластика од домовите (жолта канта) ќе се собира на 2 недели

ЈКП Комуналец од почетокот на месец октомври применува нов режим на прибирање на селектираниот отпад во соодветните канти. Наместо како досега, еднаш во неделата, селектираната отпадна пластика од домовите која се одлага во жолтите канти, собирањето на овој отпад ќе се спроведува на две недели, стои во соопштението од ова комунално претпријатие:

Ве информираме дека почнувајќи од 01.10.2024 година, селектираниот отпад ( сува постапка – во ЖОЛТА КАНТА) ќе се собира на две недели. Деновите за собирање на отпaдни рециклирачки материјали остануваат исти по реони и улици. Зелената канта за мешан комунален отпад ќе се собира исто како досега, еднаш во неделата во истиот ден како и досега. Европска практика е било кој отпад да се собира на две недели. Засега се воведува двонеделно собирање во месецот исклучиво на селектираниот отпад, додека не се започне и со одвојување на фракција од биоразградлив отпад. Се замолуваат граѓаните кои имаат земено жолта канта од ЈКП,, Комуналец“ – Прилеп, а сеуште не се вклучиле во процесот на селекција, да започнат и да го селектираат отпадот. Подигањето на отпадот од зелената канта и жолтата ќе биде контролирано и секое мешање на отпадни корисни материјали одложени неправилно ќе се следи, односно граѓанинот ќе се едуцира, а потоа и опоменува како да го селектира отпадот.

Граѓаните во жолтата канта можат да одлагаат( хартија, картон, ПЕТ амбалажа, пакувања од хемиски производи кои се користат во домовите, пакување од кечап и јогурт во пластична амбалажа, детски пластични играчки кои не содржат други примеси, лименка, боци, пластични гајби, ролетни и др). Доколку граѓаните имаат отпад од пластика кој е габаритен ( столици, маси, туби, пластични буриња и др. да ги остават до жолтата канта. Истите ќе бидат подигнати од комуналните работници.
Стаклена амбалажа да се одлага исклучиво во зелените звона( контејнери) поставени низ градот. Доколку пак се работи за поголема количина на отпадна пластика – без примеси со количина над 1м3, и неможе да се собере со линијата за собирање на сува корисна фракција отпад( жолта канта) граѓаните да се јавуваат на тел: 048/428 992, и за нив ќе биде испратено возило.
Воедно, се замолуваат граѓаните жолата и зелената канта да не ги изнесуваат пред портите, туку да се во близина на влезот од дворовите. Комуналните работници се должни да ги подигнат кантите од дворивите (близина на порта) и истите коректно и без оштетување да ги вратат на местото. Само заедно граѓаните и комуналните работници можат да ги исполнат таргетите кои ни се поставени од ЕУ во рециклирањето на отпадот и постигнување на бараните проценти на селектиран отпад.

Би можело да ве интересира

Снегот го вклучи алармот во Општина Прилеп!

Гордана Цветаноска

Наградата на град Прилеп за животно дело во рацете на дуетот Селимова-Желчески

Елизабета Филипоска

Во чест на Великомаченик Димитриј (Митроведен) прережување на лебот ќе се врши во црковните храмови

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе