3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп во чест на 11 ти Октомври (ВИДЕО)

Oколу 1200 ученици од основните и средните училишта од општина Прилеп го формираа македонското знаме на плоштадот „Матодија Андонов Ченто“во чест на националниот празник „11 Октомври“.

Учениците облечени во црвени и жолти маички и капчиња ја реализираа изведбата на знамето како посебен перформанс во траење од 4 минути што е традиција воспоставена пред 24 години, под раководство на наставникот Златко Думбалоски.

– Оваа традиција за формирањето на знамето во пресрет на националниот празник 11 Октомври е воспоставена 2010 година и со оној прекин од пет години, се изведува до денеска. Знамето што го формираат учениците е со димензии 24 на 12 метри. Во секој квадратен метар учествуваат по 4 дечиња од основните и од средните училишта од градот и од руралните средини. Го симболизира востанието на 11 октомври што почнало во Прилеп против фашистичкиот окупатор, рече  Думбалоски кој повторно потсети на иницијативата во прилепските училишта секој понеделник да се интонира македонската химна со подигање на македонското знаме.

За иницијативата и конечната одлука треба да донесе Советот на општината. Ирена Стерјоска Локвенец, претседател на Советот на Општина Прилеп ја поддржува традицијата на  формирањето на знамето во пресрет на 11 Октомври.

Со голема чест и гордост денес ја продолжуваме традицијата за формирањето на знамето во пресрет на празникот. Возобновувањето на оваа традиција ја покажува љубовта кон татковината која сакаме да ја негуваме заедно со нашите млади генерации. Што се однесува до иницијативата секој понеделник пред часовите во училиштата да се интонира химната постои расположение во советот на Општината. За тоа дискутиравме и за брзо време ќе излеземе со предлог-одлука пред советниците и се надевам дека ќе биде прифатена, рече Ирена Стерјоска Локвенец, претседателка на Советот на општина Прилеп.

Во Прилеп и денеска се’ е во знакот на големиот национален празник. Вечерва од 19 часот е централната прослава за празникот 11 Октомври. Ќе има богата програма на камената бина на плоштадот „Александрија“, посета на меморијалниот музеј „11 Октомври“, некогашниот Участак и традиционален импровизиран напад на градот со богат огномет кој што започнува од 19.45 како потсетување на историските настани на 11 октомври 1941 година кога со нападот на тогашната полициска станица-Участакот е означен почетокот на народното востание и антифашистичката борба во Втората светска војна. Според програмата на централната бина ќе настапат „No cigarettes“.

Утре, петок, 11 ти октомври делегации ќе положуват венци и свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифоски Питу и на Могилата на непобедените. Истиот ден, ќе се одржи крводарителска акција во просториите на Црвен крст Прилеп, а од 10 до 15 часот во центарот на Прилеп ќе се реализира традиционалното шоу на автомобили олдтајмери и модифицирани возила „Tuning car show“.

Би можело да ве интересира

Сурат за Гран При „Прилепски тутунар„ од Матеј Тодоров – Со изложба на маски започна „Прочка 2024„

Пела Редакција

Силен земјотрес во Грција почувствуван и во Прилеп

Гордана Цветаноска

Поскапуваат горивата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе