11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Внимателно возење викендов! Времен режим на две делници на автопатот А1

Во пресрет на продолжениот викенд Јавното претпријатие за државни патишта
известува дека на одделни автопатски делници се одвиваат градежни активности и
има времен режим на сообраќај за што е потребно соодветно следење на
сообраќајните знаци.
Времен режим на сообраќај има на А1, делница Демир Капија–Смоквица која е со
важност до 01.12.2024 година, поради изведба на реконструкција на десната тунелска
цевка на тунел Т1.
Имено, десната тунелска цевка на тунел Т1 е целосно затворена за сообраќај, а
сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка со двонасочно одвивање
на сообраќајот.
Исто така, до 31 декември 2024 година ќе има времена измена на сообраќајот и на
автопатот на делницата Велес-Неготино, поради изградбата на делницата Градско-
клучка Дреново, каде што сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно
поставена сообраќајна сигнализација.
Од овие причини ЈПДП повикува на внимателност и прилагодување на брзината
согласно со условите на патот.

Би можело да ве интересира

Пачешкоски: градоначалникот Јовчески има НУЛА реализирани проекти

Пела Редакција

Проданоски: Во 2024 та да покажеме вистинска љубов кон татковината!!!

Пела Редакција

Прилепските и долненските тутунари протестираа

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе