Се’ е подготвено, за убавата македонска песна, за стартот на новото издание на фолк-фестивалот „Прилеп – фест“. Фестивалот ќе се одржи на 1 ноември со звуци на македонска народна музика подготвени за „Прилеп фест“. Љубителите на фолк музиката ќе имаат можност да уживаат во деветтото издание на реномираниот фестивал „Прилеп Фест 2024“ во Домот на културата „Марко Цепенков“, кој традиционално нуди нови македонски звуци, кои најчесто прераснуваат во хитови.
Фестивалот и годинава понудува многу познати имиња од македонската фолк сцена. На фестивалот ќе настапат: Стефан , Наум и Зуица, Анета Љумаковска, Перо Христов, Татијана Стефановска, Спасен Сиљановски, Елена Велевска, Чеде Спасиќ, Стојне Николова, Дамјан Димевски, Адријана Ацевска, Ташко Карафиловски, Лилија Семкова, Бојан Палиќ, Сања Барбика, Суад Усеин Цуле, Вукица Челебиева, Мики Тра ла ла, Жаклина Маркоски и Група Фортуна.
Освен што ќе донесе добро познати музички ѕвезди, фестивалот останува на својата основна цел да им даде простор и на новите музички надежи, овозможувајќи им афирмација пред широката публика и љубителите на фолк музиката.
Организаторите ветуваат вечер исполнета со нови композиции, одлична музика и неповторлива атмосфера.