0.4 C
Прилеп
четврток, 6 февруари, 2025
Пела Радио

Избрано ново претседателство на Македонската заедница во Чешка

Македонската заедница во Чешка се обединува со ново раководство. Во Прага денеска одлучено е раководството да го предводи инг. Коле Боровски како претседател на асоцијацијата „Македонска мисл“ која ги опфаќа сите форми на културен живот во Чешка. Настанот се одржа во рамките на одбележување на јубилејните 25 години од основањето на академско-литературно здружение „Македонска мисла“ за кое зборуваше претседателот на Заедницата Коле Боровски, еден од основачите на здружението. Новото раководство го сочинуваат Коле Боровски, Димитар Кирјаковски, Горан Гацов, Јане Тонески и Никола Колароски. На одбележувањето беше одржан и омаж за последниот претседател на заедницата Гоче Мирчевски (1935-2018) за кој зборуваа неговите пријатели, роднини и колеги.

Македонската заедница во Чешка едногласно почесното претседателско место му го додели на инг. Димитри Кирјаковски, истакнат и прекален борец за правата на Македонците и еден од живите сведоци од Граѓанската војна во Грција и егзодусот на Македонците од Егејска Македонија.„Македонска мисла“ е граѓанска, неполитичка, добротворна и непрофитна асоцијација чии цели се промоција и афирмација на македонската култура, фолклор, јазик и историја и негување на македонско-чешките културни и пријателски врски.

Би можело да ве интересира

Илиески: Закупците на тезги да бидат раат – Градскиот пазар во Прилеп работи по старо!

Гордана Цветаноска

Витаминка меѓу водечките компании во кондиторската индустрија на саемот ISM во Келн

Пела Редакција

Прилепските гимназијалци во чест на Гоце Делчев изработија видео проект

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе