11.7 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

ООУ „Рампо Левката“ го одбележува месецот на книгата

Четвртооделенците од ООУ „Рампо Левката“ денес го одбележаа месецот на книгата преку средба со поетот и новинар Филип Димкоски која се случи во нивното училиште. Наставничката Бисера Вишиноска која е организатор на средбата, истакна дека ваквите настани им се потребни на децата затоа што на најдобар начин, преку интеракција им се доближува книгата, нејзината важност и значење.

Поетот Димкоски, на учениците на сите четвртооделенци од ова училиште и на нивните наставнички Елизабета Маркоска, Анета Мицеска и Анета Спасеска им го раскажа патот на книгата од ракопис, преку издавачка куќа и печатница, па до објавување и нејзино изложување во книжрниците и библиотеките. Им читаше песни од неговите книги „Заедно да растеме“, „Најхранливи зборови од детска душа дарови“ и „Овошје и зеленчук“, а во некои од изведбите ги вклучи и учениците кои рецитираа и драматизираа.

Беа спомнати и датумите во годината кои се поврзани со книгата, а со помош на децата заеднички учеа и за литературата, но и за медиумската писменост прославувајќи го јубилејот-80 години од објавата напрвиот македонски дневен весник Нова Македонија, кој првпат е испечатен на денешен ден, како и шеесет и шесте години од објавувањето на додатокот за деца „Колибри“, создаден од поетесата Евгенија Шуплинова која потекнува од прилепско Тополчани.

 

 

Би можело да ве интересира

Ин мемориам: Почина проф. Тале Герамитчиоски

Елизабета Филипоска

Утре ( 28.02 2025) без струја села од долненско

Пела Редакција

24-ти април и 8-ми мај-неработни денови и НЕМА да се одработуваат

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе