0.8 C
Прилеп
вторник, 24 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп конечно доби проект за нов театар

Градот на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, градот со речиси осум децениска традиција на официјален театарски ансамбл и програма, градот кој преживеа неколку предизборни ветувања за изградба на нов театарски објект  – конечно доби проект за нов дом на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп. По идејното решение изготвено пред повеќе од 6 години, изготвен е проект за чија реализација беа потребни 3 години.

Новиот дом на прилепските актери ќе биде во НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп, а проектот опфаќа реконструкција со доградба и наградба на Центарот за култура со обезбедување на простор за театар со две гледалишта, кино сала и подземен паркинг простор. При тоа, на 45 години од постоењето на објектот од Центарот за култура планирана е негова реконструкција, така што станува збор за 2 одделни проекти, посочи Марија Попова Јованоска, ВД директор на  НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп под чија надлежност функционира и Народниот театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп.

Всушност станува збор за два одделни проекти, а тоа е по барање на надлежните од Министерството за транспорт и врски. Првиот проект е основен проект за реконструкција на објектот на „Марко Цепенков“, објектот значи кој останува, а вториот проект е основен проект за доградба и надградба на основен проект. Тоа е проектот кој се доградува – Театарот „Војдан Чернодрински“. Реконструкцијата на објектот на НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп се однесува на содржинско збогатување и функционално редефинирање на просторот како и подобрување на постоечката физичка состојба на просторот и замена на дотраените материјали и техничка опрема, со што имаме оформување на просторот во кој и публиката и вработените ќе се чувствуваат комфорно и безбедно. Додека пак доградбата и надградбата на објектот на Центарот за култура „Марко Цепенков“ Прилеп се однесува на обезбедување на комплетно нов простор кој ќе биде наменет како театар во склоп на Центарот за култура со тоа што се отстрануваат просторните целини од постоечкиот објект, рече Јованоска на прес конференција, рече Јованоска додавајќи дека двата дела ќе функционираат како една содржинска целина со можност во иднина тие да функционираат како засебни целини.

Од Министерството за транспорт и врски се чека одобрение за градба. Следен чекор е да се обезбедат финансиски средства за реализација на проектите. За двата проекти се од Центарот за култура „Марко Цепенков“ се обратиле до Министерството за култура и туризам за да обезбедат финансиски средства за реализација и да ги одобрат во годишната програма за изградба на нови објекти и реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти кои националните установи ги користат за 2025 година. На одговорот за финансиски средства треба да се причека. Потребни се околу 18 милиони евра за изградба на новиот театар, а пак околу 9 милиони евра за реконструкција на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (43)

Пела Редакција

Социјалните мрежи како место за родово насилство врз жените и девојчињата

Гордана Цветаноска

КУЗМАНОСКА: Човекот кој дрско се однесува кон жените, денес маршира за правата на жените

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе