0.8 C
Прилеп
вторник, 24 декември, 2024
Пела Радио

Уште една жена исчезна во Македонија: Се трага по Лидија од Скопје!

Посветена мајка, сопруга, вработена жена без никакви здравствени проблеми, така ја опишува семејството Лидија Трајковска (43), која утрово околу пет часот излегла од семејниот дом и и се губи траг.

Со себе не понела никакви лични документи, ниту пак мобилен телефон. Нејзините блиски вознемирени од случајот апелираат за помош од јавноста во пронаоѓањето на Лидија.

Никогаш не се случило вакво нешто, сите сме затекнати и бараме помош во наоѓањето на мајка ни. Таа е семејна жена, вработена во Тинекс месара, излегла од дома околу пет часот наутро додека сестра ми и татко ми се уште спиеле.
Не знаеме што се случило, ова е голем шок за сите нас и несвојствено за мајка ни, и случајот веднаш го пријавивме во полиција.

Последна информација околу нејзиното движење имаме од снимки од камери, живееме во Јурумлери, а таа е забележана на автобуската станица Јурумлери.
Облечена е во зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми.
Се работи за слаба и ниска жена, и секоја информација е добредојдена, за ,„Фокус“ појаснува нејзината ќерка Мартина.

Помош бара и нејзиниот брат кој 078 431 680 го остава својот телефон на ФБ

Доколку некој ја забележи или пак има било каква информација за Лидија, да пријави во полиција или пак на телефонскиот број 071/345-208 кај семејството.се вели во информацијата.

Во земјава како исчезнати се водат десетици граѓани, а на некои со години не им се знае трагот.Таков е случајот од неодамна со Злата Јанкова (45) од Свети Николе, која исчезна во јуни годинава, и по која сеуште се трага, Виолета Крстевска – Јаневска (61) од Скопје, која исчезна во март 2022 година, Сабина Сабединовска (32) од Куманово која исчезна пред две години заедно со нејзината ќерка Елиф (7), Марија Брзакова (30) од Босилово, која исчезна пред четири години, но и многу други лица од кои само дел се објавени на страницата за исчезнати на МВР.

Би можело да ве интересира

Новогодишните елки – симбол на празниците

Пела Редакција

Мирноносни цвеќиња за бебињата родени на Божик и во прилепската болница

Гордана Цветаноска

Кога ластовиците се селат на југ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе