5.1 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Поетот на клавишите: Шопен и младите таленти-нов концерт во храмот „Св. Петка“

Во храмот Св. Петка во Прилеп,  утре ( 13 ноември, среда) ќе се одржи концерт насловен „Поетот на клавишите: Шопен и младите таленти“ со почеток во 19.00 часот.
Во оваа уникатна вечер, прилепчани ќе имаат можност да слушнат седуммина млади пијанисти од Државното музичко училиште во Битола, како и таленти од Прилеп и Битола кои веќе имаат остварено значајни успеси и признанија на бројни концерти и натпревари, претставувајќи ги со гордост Прилеп, Битола и Македонија.
Под водство на своите професорки, д-р Татјана Божиновска, м-р Билјана Димовска и м-р Маја Божиновска, овие талентирани пијанисти го претставуваат најдоброто од младинскиот музички потенцијал на нашата земја. Нивниот беспрекорен труд, извонреден талент и посветеност на музиката ни овозможуваат уживање во креациите на Шопен и го оживуваат духот на пијаното на нашите простори.
 Во програмата ќе настапат:  Димитриј Стојчевски, Анастасија Петреска, Давид Стојчевски, Кристијана Илиевска, Софија Михајловска, Дафина Момироска, Лина Димовска и Ангела Момировска.

Во прекрасниот и акустичен амбиент на храмот Света Петка, кој станува препознатлив не само како духовен ами и како културен центар, ве покануваме да присуствувате и заеднички да ги поддржиме овие млади виртуози. Вашето присуство и поддршка не само што ќе ја потврдат вредноста на нивниот труд, туку и ќе придонесат кон продолжување на ваквите духовни и културно-уметнички настани во иднина- велат од Организацискиот одбор при храмот „Св. Петка“

Би можело да ве интересира

Мајкл Дамески, танчерот кој го освојува светот

Гордана Цветаноска

Учениците од СОУ ОРДЕ ЧОПЕЛА подаруваа бадникови гранчиња

Пела Редакција

Откупот и протестите продолжуваат

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе