6.6 C
Прилеп
четврток, 14 ноември, 2024
Пела Радио

ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ го одбележува Месецот на книгата

Денес во просториите на ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ средба со учениците од осмо одделение одржа нашата роднокрајна поетеса Андриана Ристеска заедно со младата авторка Тамара Насевска, и двете членки на Клубот на литературните творци-Прилеп.

Учениците под менторство на наставничката по македонски јазик Сузана Николоска, се претставија со опширна презентација за книгата, нејзиното значење, мудри мисли за книгата, книжевните саеми, македонските автори и начините на кој се одбележува Месецот на книгата од 15 октомври до 15 ноември.       

Поетесата Андриана Ристеска им прочита дел од нејзиното творештво и ги претстави нејзините две објавени книги, а дел од своето творештво претстави и младата поетеса Тамара Насевска. Следеше дискусија за слушнатата поезија, прашања, одговори и разговор за творештвото, начинот на пишување и времето и инспирацијата која е потребна да се создаде една песна.

На крајот, задоволните ученици, наставничката и гостите, си ветија повторни средби и дружбите со нејзиното величество-книгата.

Инаку, во рамките на одбележувањето на Месецот на книгата, третооделенците од ова училиште со наставничките Розита Кареска и Верица Таневска ја посетија Градската библиотека „Борка Талески“ каде имаа можност да се запознаат со книжниот фонд на библиотеката, изрецитираа песнички, кажаа по некоја убава мисла и во билиотеката ги оставија нивните цртежи и мудри мисли за книгата.

Исто така, во училиштето беше промовирана и книгата за деца „Мачорот Тане“ од роднокрајната авторка Лина Димоска пред дел од третооделенците, а средбата беше во организација на наставничката Кети Стевананџија.

 

Teкст и фото: Филип Димкоски

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

На денешен ден почнало ослободувањето на Прилеп

Пела Редакција

„Медена земја“ е номинаран во две категории за Оскар

На прилепските велосипедски патеки: паркиран автомобил на сред лента, со изговор “се враќам за 5 минути“, “само да завршам работа“, “чекам некого“…или контејнер

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе