30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Денес се слави свети Козма и Дамјан – лекари, бесребреници и чудотворци

Православните верници денеска го слават Св.Кузман и Дамјан , бесребреници , лекари, верници кои го лечеле народот без пари .

Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование.

Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име.

Биле родум од Мала Азија. Мајка им била христијанка и ги воспитала во Христовиот дух. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите.

Би можело да ве интересира

Пензиски фонд: Декемвриските пензии ќе бидат исплатени на 2 јануари 2026 година

(ВИДЕО)Есенски панаѓур во ООУ Кире Гаврилоски по повод Светскиот ден на храната

Пела Редакција

Заврши првиот циклус за био градинарство од Градината на Филип и ЗОКУМ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе