6.6 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

Светскиот ден на предвремено родени деца во Прилеп одбележан со хуманитарна акција

Прилеп го одбележа Светскиот ден на предвремено родени бебиња 17 ти ноември, со традиционална хуманитарно донаторска иницијатива, а во организација на неформална група мајки на превремено родени деца која се одржа во ЈЗУ Општа болница со проширена надлежнсот „Борка Талески“.

И оваа година петта по ред како го организираме настанот. Ние сме неформална група на неколку мајки. Настанот се организира во прилепската болница и секоја година собираме донации од  локални компании и дирекни донации во Болницата во ваучери и производи. Луѓето доаѓаат, си купуваат некој ваучер и производ, оставаат симболични финансиски средства со кои ги подобруваме условите на Неонатолошкото одделение во Прилеп. Имаме анонимни донатори, дирекни донатори,“ вели Данче Оклеска од неформалната група мајки.


Целта со овие настани е да се подобрат условите во Неонатолошкото одделение за мајките и бебињата, да се преземат превентивни прегледи, што е особено важно за мајките и бебињата, вели таа.

„Можам искрено да кажам дека во последните 5 години се направија големи промени. Мислам дека прилепската болница е единствена од државните болници , а кои не се во Скопје, а која има апарат за слух. Значи секое детенце тука, кое ќе се роди, сестрите проверуваат каков е неговиот слух, што е многу важно за превенција.  Исто така го имаат и најновиот монитор за следење на децата, а воедно имаат лична машина за перење и сушење на одделението. Значи алиштата кои ги користат тука не се перат заедно со останатите во болницата. Од донации собрани се и прашаци. Ова е традиција секаде во светот. Родителите како мене кои поминале доста време во болница сакаат да вратат со некое добро. Имаме и предобар фидбек од цел Прилеп, луѓето идат и донираат. Ова можеби е симболична промена, но со текот на годините направивме многу, вели Оклеска, мајка на предвремено родено дете.

Минатата година во ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп биле родени 407 деца, од кои 30 биле предвремено родени. Во Македонија минатата година имало вкупно 604 предвреме родени бебиња, а оваа година досега дури 681.

Би можело да ве интересира

Тутунскиот откуп ќе се пролонгира

Гордана Цветаноска

СВР Битола апелира да не се употребуваат и продаваат пиротехнички средства

Пела Редакција

Министерот за земјоделство во Прилеп, локалните новинари и земјоделски здруженија не беа пожелни на средбата?!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе