11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Утре гајдата и тапанот ќе ечат на Рудина во Долнени

На камената бина на плоштадот Александрија вечерва започнува 44-тиот по ред, Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Утре,од 18,ч. гајдата и тапанот ќе се слушнат на Рудина во Долнени,каде е и центарот на Фестивалот. За таа цел минатата година, за прв пат се изгради амфитеатар на Рудина кај Долнени и се уреди просторот за учесниците. Оваа година од 500 пријавени жири комисијата избра околу 250 изведувачи на народните инструменти, на гајда, тапан, кавал и исполнители на изворни песни кои ќе учествуваат во двете фестивалски вечери. Жири комисија ќе ги оцени и ќе ги прогласи најдобрите изведувачи на народни инструменти и песни, в сабота на кои ќе им бидат доделени Гран при наградата за најдобри изведувачи и гајдата на Пеце Атанасовски за најуспешниот гајдаџија што традиционално ја доделува Општина Долнени. Манифестацијата,инаку, е финансирана од Министерството за култура, со финансиска поддршка од прилепската локална самопуправа и логистичка и морална поддршка на Општина Долнени.
Доколку временските прилики не одговараат отворањето на фестивалот вечерва во Прилеп,настанот ќе се префрли во Домот на културата „Марко Цепенков, а в сабота доколку биде врнежливо, настан наместо на Рудина ќе се префрли во Домот на културата во Долнени.

Би можело да ве интересира

„Тримир„ празник за армасаните девојки-адет на Прилепчани

Елизабета Филипоска

И талентирани и хумани! Учениците од „Ристе Ристески-Ричко“ги воодушевија прилепчани

Пела Редакција

Стојаноски: Прилеп има потенцијал да биде предводник на ликовната сцена

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе